ExYu
Fresh
Cafe
Rock
Radio EastGate Mall
Play button

Ноќен Експрес

Македонија „сива зона“ во финансирање на политиката

today28/12/2018 37

Background

Во Македонија имало примери за незаконито финансирање на кампања како на пример сме поднесувале кривични пријави каде општините плаќале за купување на ИТ опрема за политичките партии и тоа било потврдено од страна на општините со официјални документи, но обвинителот во ниту една ситуација не најде сила да поведе постапка и некого да казни за незаконито финансирање на кампања вели Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернашнл Македонија во понеделничното издание на Ноќен Експрес на Радио Мрежа Канал77.

Досега сме имале многу такви случаи и сите биле доставени до Јавното Обвинителство и сите останале неразрешени односно одбиени затоа што во еден случај партијата дополнително платила од својата сметка иако во моментот кога ние истражувавме Јавно комунално претпријетие беше платено од Општинската организација на партијата и на крајот обвинителите заклучија дека нема штета затоа што партијата си платила од своја сметка, откако ние сме интервенирале и сме поднеле кривична пријава вели Тасева во Ноќен Експрес 57 издание и додава дека на некој начин обвинителство како да го прикрива или го покрива овој криминал.

За разлика од Германија и Хрватска кај нас институциите не преземаат ништ о и заради тоа имаме голема сива зона во финансирање на политиката вели Тасева.

Објавено од: Viktor Gavrilov

Rate it
0%