Не сакаат сите млади да си одат од државата

Не сакаат сите млади да си одат од дома и професионалната кариера и животот да го градат надвор од Македонија. Оваа малку поинаква приказна за трендот на иселувањето доаѓа од Делчево, градот  од каде секојдневно се иселуваат по цели семејства трагајќи по ветената земја и подобрата заработувачка.

Дипломираниот криминалист Влатко Величковски кој 6 години чека вработување опстојува на предизвикот кариерата и животот да ги гради на родното огниште и чека да се променат работите дома, а државата да ги отвори вратите за реални вработувања по квалитет.

 

 

Jас се чувствувам кариерски безнадежно. Веќе на 30 години, кога сте завршиле пред 6 години и еден од најдобрите факултети , факултет кој произведува кадри за безбедноста на државата, а на Минситерството му требаше добри 6-7 години за да го распише првиот конкурс на кој ќе бара дипломирани криминалисти , тоа самото по себе говори дека и државата и МВР, не беа заинтересирани за овие стручни кадри кои ги има многу и сите се квалитетни, вели Влатко Величковски.

Влатко својата иднина ја гледа во Делчево.

-Јас лично, иднината ја гледам тука во Делчево. Жал ми е што повеќето не се чувствуваат така,и оправдано не се чувствуваат така.Јас сум локал патриот си го сакам делчево и државата и сакам д а останам тука, вели Величковски.

Излезот е во системска промена на државата

Според овој млад човек, проблемот со иселувањето не е само физички. Се иселуваат оние кои треба да ја променат државата.

-Според мене проблемот е многу поголем. Луѓето и генерациите кои овде требаше да ги променат работите, да ја воведат Макеоднија кон еден нов пат,систематки да не променат, се иселија.Не е излез, ако заминеме од државата.Излезот треба д аго направиме ние самите кои останавме во државата. Систематски треба да се промениме, менталитетот  треба да го промениме како народ, рече Величковски.

Алјаска ветена земја за младите студенти

Но, една ластовичка не ја носи пролетта, така и упорноста на Влатко кој чека државата да го промени односот кон младите. За разлика од него, соочени со безизлезот исцртан од непишаните правила за вработување каде еден од условите е партиската книшка и креирањето на вработувањата по партиските штабови, и ако на ова се додадат ниските плати, доколку се добие некои работно место, многу млади од Делчево се одлучуваат да трагаат по својата ветена земја. По оваа потрага, тие стигнале и до Алјаска, светот на ескимите и поларната земја која ги грее срцата на младите со дневницата од 150 долари што е месечна плата на нивниот родител.

 

Сандра Мицева и Ален Мулачки 22-годишни студенти од Делчево, кои преку програмата „Work end travel”, секоја година се по 4 месеци во Алјаска.

-На Алјаска убаво се заработува. Можам да кажам дека работиме многу и по 15 часа дневно, и тоа е 150 долари дневница, рече  Сандра.

Додека Ален направи споредба, што се нуди во Делчево како сезонска работа за студентите преку летниот период.

-Овде, освен берба на вишни или да се работи во фабриката што ги преработува, не се нуди ништо друго. Може да работиш и како келнер, и тоа се само за 300 денари дневница. Нешто  што не те мотивира премногу за да останеш овде, рече Ален.

Сепак, целта на овие млади лица е д аго завршат факултетот, па потоа ќе одлучуваат каде ќе го градат живот. Но, го премолчеа одговорот на прашањето з а колегите кои заминале на ова патување и останале да работат на црно. Според , неофицијални податоци ако од Делчево секоја година заминуваат околу 30-ина студенти на работа преку програмата  околу 10% од нив стануваат таму.

Во последните три години иселени се колку три града со големина на Делчево

Според последните податоци од Светската банка од Македонија се иселиле 626.312 луѓе до крајот на 2013 година. Од оваа институција за медиумите наведуваат дека една од главните причини за иселувањето е невработеноста. Податоците од  европската статистичката служба Еуростат за периодот од 2010 до крајот на 2013 покажуваат дека вкупно 58.713 граѓани добиле прва дозвола за престој или државјанство во Европската Унија. Ако на ова се додадат и последните иселени и оние кои работат на „црно“, бројката  може да е и двојно поголема.

Мислењата искажани во оваа содржина, не нужно го рефлектираат ставот на Канал 77 или неговиот донатор.
logo-ned

Додади коментар

Би те интересирало и

Дефицитот на млади стручни кадри ќе ја „згасне“ текстилната индустрија

Иако е една од водечките во земјава, текстилната индустрија ја губи својата атрактивност пред младите ...

Податоците низ историјата велат повеќе Македонци живеат низ светот, отколку во Македонија

„Татковино те љубам како стари чевли“ – вели една мисла на Сервантес. Младите од Македонија ...

Close