Ноќен експрес: Ни треба ли некое ново „Наше маало“?
today27/12/2018
20
„Наше маало“ е најгледаната телевизиска серија во Македонија, која се снимаше и емитуваше од 1998 до 2004 година. Проектот на Search for common ground имаше за цел мултикурното и мултијазично богатство во Македонија да го претстави како предност, а не како пречка за социјална кохезија и заедничко живеење.
Тоа беше храбар и ризичен потег во момент кога сите размислуваа живееја затворени во националистичките и етнички табори. Проект, кој иако се зборуваше на различни јазици постигна неверојатна популарност.
За серијата, идентитетот и апсурдноста на националната припадност и спортското навивање во историски и актуелно измешаниот комплициран и турбулентен регион разговараме со Ибрахим Мехмети, извршен продуцент на серијата „ Наше маало“.
Во најава на вечерашното издание на Ноќен експрес на Канал 77 од 21 до 22 часот.
ОТВОРЕН ПОВИК ЗA АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ За обука и менторирање на новинари Радио Канал 77 во рамките на проектот „Факти и само факти„ поддржан од ГИЗ, има потреба од ангажирање на експерт кој ќе реализира обука и менторирање на 4 млади nновинари за дикција, презентирање и водење програма во живо […]