ExYu
Fresh
Cafe
Rock
Deep House
Radio EastGate Mall
Play button

Билет во два правци

Орелски крилја да си метнам и надвор од Охрид да си летнам

today26/12/2018 71

Background

Сторија на Мики Трајковски, поддржана од Националниот Демократски Институт од Вашингтон

Поради се’ поголемото заминување на младо работоспособно население од Охрид,  угостителите од градот се’ повеќе се соочуваат со недостаток на работници во угостителските објекти. Недостасуваат келнери, шанкери но и готвачи за потребите на рестораните и хотелските капацитети. Михаил Мишев,претседател на Здружението на угостители, вели дека проблемот се повеќе се продлабочува, ако се знае дека во Охрид како најголема туристичка дестинација во Македонија се регистрирани стотина угостителски објекти

„Од една страна како бројност ги нема потенцијалните работници за по објектите. Охридските објекти очајно сакаат да се подбори таквата состојба. За причините тоа е и општата финансиска состојба во земјава и масовното иселување на младите. Точно оној профил кој нам ни е најпотребен и е најсоодветен за природата на угостителската дејност ги немаме. Не само како бројнот туку и од гледна точка на квалификација го немаме потребниот кадар“, вели Мишев.

Охридски угостители велат дека ќе дојде време кога тие ќе треба да ги служат гостите

Мишев вели дека од Охрид си заминуваат оние кои нив им се најпотребни, а тоа се младите на возраст помеѓу 18 и 30 години.

„Тешко се снаоѓаме. Го правиме она што можеби некој друг институционално требаше да го направи. Од оние кои се тука и кои се без работа им вршиме обука и квалификација во од. Со самата работа да се квалификуваат. Одбираме колку можеме ,меѓутоа тешко е.

„Ваши колеги на шега ќе речат дека можеби ќе дојде време кога и самите газди ќе треба да ги служат гостите? Тоа можеби е и појава во некои од објектите. Се надеваме на поправање на таквата ситуација“, вели Мишев.

Мишев вели дека се обидуваат таквата слика да се промени, а неодамна преку кластерот за туризмот на Југозападна Македонија организирале обука на кадри во угостителската дејност.

Ниските плати најголема причина за актуелната ситуација велат експертите

Универзитетскиот професор на Факултетот за туризам во Охрид, Науме Мариноски вели дека стручниот кадар заминува во странство бидејки платите во Македонија биле многу ниски.

„Овде имаме еден анахронизам.Од една страна имаме невработеност, а од друга страна не можеме да ги задоволиме барањата на хотелиерите и туристичките агенции. Тие често пати се склони нестручен кадар да артикулираат како стручен кадар. Не преземаат активности од сферата на унапредување на нивниот кадар“, вели Мариноски.

Многу од младите кадри се враборуваат сезонски на два месеци

Мариноски вели дека серизен проблем е што многу од кадрите кои се во туристичкиот сектор се вработувале сезонски на еден или два месеци само во шпицот на туристичката сезона. Според него и стопанскиот сектор поинтензивно треба да соработува со образовните институции од каде се произведува стручен кадар во делот на туризмот. Годишно на Факултетот за туризам во делот на насоките за туризам се запишуваат околу 80 студенти.

„Нашите кадри се на бродовите, крузерите и ги има секаде. Само кај нас нивниот третман не е на она ниво какво што е во светот. Државата целиот образовен процес го уредува да дели стипендии, но тие не се директни стипендии. Таа дава кредити и оленувања но тие не се директни во струката“, вели Мариноски.

Хотелската асоцијација бара помош од државата преку воведување на одредени мерки

Кристе Блажески, претседател на Хотам, вели дека за подобрување на состојбите владата треба да одговори на нивните барања кои веќе ги упатиле.

„Имавме  едно барање од ХОТАМ до Владата  студентите да добијат ослободување од давачките, односно од придонесите кои што ги плаќаме кон државата да им се враќаат на студентите така да има поголеми приходи и да има поголем интерес за летна работа во хотелската индустрија. Голема проблематика е што младите денес гледаат излез и да одат надвор, дури и низ Балканот во Хрватска, Црна Гора и Грција за да го одработат летниот период за некоја можеби сума поголема од овде. Треба да се направат услови како тој млад студент да останат тука“, вели Блажески.

Од Охрид си заминуваат и млади и возрасни стручни кадри

Граѓаните со кои зборувавме велат дека ниските плати, партизираноста на општеството се главни причини поради кои и стручните профили го напушаат и Охрид.

„Мислам дека влијаат повеќе фактори не само еден. Заминуваат луѓе и покрај тоа што се остручуваат тука.Не е од денес, не е од сега и тоа трае сигурно повеќе од една деценија. Вториот дел на фактори е поврзан со не само тој што бара да најде работа во делот на туризмот туку и можностите и гледањата на самите работодавци во смисла тоа тоа што тие нудат. Колку се дава и колку е платата, вели еден граѓанин.

„Тоа е резултат на немаштијата на беспарицата што нема работа. И млади и постари заминаа. Тешко е. Со партиите уште полошо е. Сите факултет имаат, а нема работа. Причината лежи во државата“, вели една охриѓанка.

„Економска е причината, за подобар живот. Секој сака да има подобар стандард. Мали се платите. Ако се оформи семејство со една просечна плата овде тешко може да се просперира. Сигурно има повеќе причини за тоа“, вели граѓанин на Охрид.

Од факултетот за туризам во Охрид најавуваат дека од наредната година на околу 600 нивни студенти ќе им се овозможи да посетуваат практична работа во хотелските објекти во градот. Идејата е да се држат и теоретски часови  со што студентите ќе се запознаваат со работата во хотелите. Поради недостатокот на доволно кадар, многу често особено на лето слободните места за работа ги пополнуваат лица од други градови во државата особено од Источна Македонија.

Мислењата искажани во оваа содржина, не нужно го рефлектираат ставот на Канал 77 или неговиот донатор.

Објавено од: Viktor Gavrilov

Rate it
0%