ExYu
Fresh
Cafe
Radio EastGate Mall
Play button

Ноќен Експрес

Политика, хумор и сатира во радио етерот: „Ноќен експрес“ на Канал 77

today26/12/2018 11

Background

Радио Канал 77, во среда на 27.04.2016 стартуваше со нов проект под името „Радиовизија“. Станува збор за мултимедијална платформа со чии рамки ќе се емитуваат 20 емисии (понеделник, среда и петок), во терминот од 21:00-23:00 часот од студијата на Канал 77 во Штип и Скопје, како и од седум различни градови низ Македонија.

„Ноќен Експрес“ е името под кое ќе се реализираат 20-те емисии во понеделник, среда и петок, од двете студија на Канал 77 во Штип и Скопје и од седум различни градови, за да видиме како размислуваат граѓаните за актуелните теми. Емисиите Ноќен Експрес се со различни содржини, концепти и жанрови и се свовидно ноќно радио talkshow, кое е со мултимедијална платформа и ги задоволува критериумите на радиовизија.

Ноќен Експрес-сатирично, хумористично и забавно шоу со целосно насочен поглед кон општествено-политичките настани. Со трите емисии неделно целосно ќе се следат најактуелните збиднувања, прикажани низ призмата на сатирата и хуморот.

Завчера, на 27 април слушателите на Канал 77 имаа можност да го слушат, но и да го гледаат првото издание на Ноќниот Експрес на тема „Протести и контрапротести“ во кое гости беа Јован Постоловски Јофе – новинар; Митко Гогов-поет и граѓански активист; Методи Андонов-каракатурист и Иле Кикиритков-музичар.

120 минути време за сатира, хумор, забава и интеракција – Ноќен Експрес на Канал 77.

Следете не’ секој понеделник,среда и петок на една од 32-те фреквенции на канал 77 на https://www.kanal77.mk/

Вечерва со почеток во 21:00 часот во Радио Кафе Канал 77 ќе стартува второто издание на Ноќен Експрес. Гости:  Сафет Бишевац-поранешен пратеник и новинар; Младен Крстевски-актер и режисер; Методи Андонов-каракатурист и музичкиот бенд Kapa & Hotline.

Водител Столе Наумов – помошник водител Мартин Богатиноски.

Објавено од: Viktor Gavrilov

Rate it
0%