ExYu
Fresh
Cafe
Rock
Radio EastGate Mall
Play button

Билет во два правци

Стратегиите за младите по фиоки, младите надвор од Македонија

today26/12/2018 76

Background

Голем е бројот на мерки кои што ги презема државата за вработување на младите. Тие даваат можност за отварање на работни места, самовработување, поволности за фирмите, можност за дообразување и обучување, но евидентно е дека тоа не е доволно. Ниту една стратегија досега, барем во изминатите години, не ги одвраќаат младите да не ја напуштат државата, своето вработување и својата кариера да ја гледаат надвор од земјата.

Проблемот треба да се решава од корен, а не да се нудат краткорочни решенија. Не се навлегува во суштината, па проблемите ги трупаме под тепих и постојано се сопнуваме од нив, сметаат младинските активисти. Проблемот според нив не е вработувањето или образованието, туку во платата која што ќе им го овозможи тоа вработување, и која што според нив не ги задоволува потребите на еден млад човек кој што има намера тука да формира семејство.

Како младите ја замислуваат својата иднина – во Македонија или надвор од неа. Постојат повеќе фактори кои што влијаат на тоа, но најбитно е велат тие од работата и заработувачката.

,,Зависи после факултетот, какви услови има, какви работни места ќе најдеме ако не се најде во Македонија, ќе се најде надвор од Македонија, секако. Па нема некоја друга причина. . . Условите и тука не се лоши, како за Македонија, ако се најде  добро работно место. . . Исто е  и моето размислување,ако нема добра платена работа, ќе се бара нешто подобро, ако треба и надвор од Македонија. . . Да  заминам од Македонија можат да влијаат повеќе причини, но ќе размислуваме откако ќе дипломираме, кога ќе ни заврши школувањето . . “велат нашите соговорници коишто сакаа да одговорат на нашето прашање. Едни имаа мислење, други имаа но не сакаа да го кажат. Тоа било многу тешко прашање.

,,Имаме мислење ама не сакаме да го споделуваме . . Размислуваме ама тешка тема е  . . .“

Младите ретко се прашуваат, кои се нивните реални потреби
„Но зошто е така. Квалитетот на животот,апатичноста на младите, отсуството на чуство на припадност се само дел од причините кои што придонесуваат, младиот човек да не ја гледа својата иднина во Македонија“, вели Сања Стефанова, претседател на Советот на млади на град Штип.

-Апатичноста на младите е главниот проблем, зошто овие стратегии не само стратегијата за млади, туку сите мерки што во последните години се преземаат за млади. Имаме невладин сектор кој што работи на проблемите со иселувањето на младите, но меѓутоа сите овие активности најчесто остануваат на клупа или остануваат во фиоките на донесувачите на одлуки за млади и сметам дека младите треба многу почесто да се вклучуваат, како донесувачи на одлуки во процесот на креирање на стратегија на млади, бидејќи токму и проблемите за нивното иселување потекнуваат од самите млади. Доколку постои поголема комуникација меѓу младите и соодветните институции, сметам дека многу полесно може да се најде соодветно решение на проблемот, бидејќи вработувањето или невработеноста претставува еден проблем, но никогаш младата личност не е прашана што е тоа што и недостасува на таа млада личност и зошто таа не бара работа во нашата држава, туку бара работа надвор од Македонија.

Стефанова смета дека младите не се доволно информирани за мерките кои што се преземаат, а уште помалку се вклучени во креирањето на тие мерки.

Верувам дека младите повеќе гледаат кон овој процес со недоверба и уште на самиот почеток го осудуваат , сметаат дека нема да успее. Би сакала да ги мотивирам сите млади да се вклучат, заедно во сите овие активности, кои што се преземаат бидејќи за еден процес да заврши успешно, треба и младите сами да бидат мотивирани за тоа да го сработат, да се вложат во тоа што го работат, за да видиме промени. Навистина промените нема да настанат доколку само како досега на документ креираме стратегии или на документ, креираме активности -порачува Стефановска

Младите се чувствуваат невидливи во заедницата
Токму исклученоста од општествените текови и тоа што често не гледаат можност за сопствена реализација, се дел од причините за масовното иселување и високата невработеност кај младите, смета  Александар Николов од Асоцијацијата Зенит.

Според некои истражувања, периодот на транзиција од образование до вработување на младата популација трае 3 до 4 години. Ова е период кога младите можат да се почувствуваат маргинализирани и невидливи во заедницата. Граѓанскиот сектор, бизнис заедницата и државните институции можат да помогнат младите да се чувствуваат како интегрален дел од заедницата, тие да најдат начин за професионална и лична реализација и перспективи во окружувањето смета Николов

Според мерењата направени од Заводот за статистика, на крајот на 2012 година во Македонија живeеле 465 000 млади или 23% од вкупното население, на возраст од 15 до 29 години. Под влијание на политичката криза, половината се невработени – велат од Асоцијацијата за развојни иницијативи „Зенит“

Под влијание на таа политичка криза, незабележително поминуваа низа статистички податоци кои што се однесуваат на проблемите  со младинската невработеност и иселувањето намладите. Според дел од тие статистички податоци, повеќе од половина на младата популација се соочува со проблемот со невработеноста – вели Николов.

Проблемот со иселувањето на младите има длабоки корени
Проблемот со иселувањето на младите не може да се поврзе само со понудените мерки и идеи, како да се подобрат условите овде. Коренот на проблемот лежи подлабоко и треба да опфати посериозен пристап, смета граѓанската активистка Драгана Митровиќ.

„Младите не се задоволни од висината на платата“, вели таа.

Младите истакнуваат дека висината на платите, не е задоволителна. Тие сакаат да работат, барем еден добар дел кои што јас ги познавам и сакаат  да можат да преживат со таа плата кој што би ја заработиле. Тоа во услови кај нас, реално минималната плата која што од почетокот на вработување се нудат, реално не е доволна за некој да може да живее достоинствен живот, овде кај нас. Јас сметам дека не е задоволителен тој резултат и ефектот од тие мерки не го гледам како мотивирање на младите да останат овде и да градат иднина и да градат кариера и да создаваат семејства во Македонија.

„Политичките состојби во земјата се проблем плус“, смета Митровиќ. Факте е дека политичките партии се гледаат како Агенции за вработување.

Политичките партии, на нас ни се најголем двигател за младите. Младите активисти се вклучени во политички партии. Во граѓанскиот сектор ние немаме млади поради тоа што сите речиси се во политички партии со мотивација дека еднаш ќе се вработат-смета Митровиќ.

Според последното истражување на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања, младите немаат проблем да се зачленат во политичка партија само за да се вработат. Исто така ако треба и лесно би се префрлиле и во противничкиот табор.

Со соседството сме слични, со земјите од ЕУ неспоредливи
„Не подобра е ситуацијата и во нашето соседство“, смета таа.Споредбата пак, со земјите од ЕУ е невозможна.

Мислам дека сме далеку. Точно е дека ние копираме некои мерки, некои акции што тие ги превземаат, за подобрување на животот на младите, но не би правела споредба. Има некои компаративни студии кои што сум ги читала и сметам дека сме далеку од таму и не можеме да се споредуваме ни под разно. Ние треба некои други работи да средиме, за после да можеме да воведуваме било какви мерки кои што  реално би имале некаков ефект и би дале сериозни резултати – додава Митровиќ

Социолозите велат дека младите во Македонија живеат во непредвидливи услови, со чувство дека ќе останат без работа, дека се маргинализирани и затоа бараат спас во странство.

Истражувањата покажуваат дека дури 85 проценти од младите со високо образование сакаат да заминат во странство.

Во Агенцијата за вработување велат дека до крајот на минатата година во државата имало 243 403 невработени лица кои се евидентирани дека бараат работа.

Половина од нив се активно население до 39 години, а 25 проценти од нив се млади до 25 годишна возраст.

Мислењата искажани во оваа содржина, не нужно го рефлектираат ставот на Канал 77 или неговиот донатор.

 

Објавено од: Viktor Gavrilov

Rate it
0%