Канал 77 Само Хитови
Kanal 77 Fresh
Kanal 77 Ex Yu
Со новиот закон за следење на комуникации се дадоа неограничени можности на УБК за следење на кого сака без да побара судски налог или да побара одобрување од компанијата за телекомуникации вели Дамјан Георгиевски информатичар од Слободен софтвер Македонија во 48 ото издание на Ноќен Експес на тема „Големиот брат од нашата улица„.
Порано пред донесување на овој закон полицијата мораше да бара налог од судот за следење на комуникација на одреден човек и со тој налог да се оди кај телеком операторот кој ќе му овозможи пристап до дадените прислушувани страни.
Со тој закон суптилно му се овозможи пристап на УБК без да знае операторот кој ги следи комуникациите без никаков налог , што е спротивно на процедурата на вршење на специјални истражни мерки вели Георгиевски во Ноќен експрес на Канал77.
Објавено од: Viktor Gavrilov
Канал 77 Ноќен Експрес Петрит Сарачини Проекти Столе Наумов