На 9.11.2023 ја организиравме првата Ајварадијада и успеавме да го пронајдеме најдобриот ајвар во државата! Реално покрај сите маестрални ајвар мајстори што ни испратија ајвар за дегустација, беше скоро невозможно да се донесе одлука кој е најдобриот.
Сепак, ништо не е невозможно ако го имаш вистинското жири, а во донесувањето на одлуката ни помогнаа фантастичните Мартина Трајаноска и Александар Михајловски – Хонда. „Е, ова е ајвар!“, ова беа зборовите по кои сфативме дека Мартина и Александар го открија победникот во нашиот ајвар-натпревар на радио.
ДРАГИ И ВАЛЕНТИНА АДАМОВИ од Охрид официјално се луѓето чии магични раце го сервираа најдобриот ајвар на нашата трпеза во студио.
Во честитањето на победата ни се придружија и нашите спонзори од Карнем, Бучен Козјак, Арис ДеГрас и Фурна Диме, а ајвар мајсторите си добија и специјална плакета за да ги потсетува на моментот кога беа апсолутни победници на нашата прва Ајварадијада.
Ви благодариме на сите за учеството, Ајварадијада ’23 – успешна!
Објавено од: Kire Andonov
ајвар ајваријада александар михајловски Канал 77 македонија мартина трајаноска радио
Остави коментар (0)