ExYu
Fresh
Cafe
Rock
Deep House
Radio EastGate Mall
Play button

Ноќен Експрес

Ноќен експрес: Кога најголемата желба е соба со четири ѕида

today27/12/2018 14

Background

Седумчленото семејството Ристови од струмичко Сарај живее во беда и сиромаштија со години. Со социјална помош од три илјади денари едвај врзуваат крај со крај. Не знаат како ке ја преживеат престојаната зима.

Ниту имаат огрев, ниту брашно. Се обидуваат со аргатлк да преживеат, но тешко оди – вели таткото Ристо

Ристови живеат во импровизирана соба која своевремено била штала каде се чувала стока. Сите седум члена спијат јадат и се бањаат во 12 квадрати.

Побарале помош од сите инситуции. Но, наместо конкретна помош, добиле само ветувања. Бараат сигурен покрив над главата.

Во моментов ова семејство од струмичкото населено место Сарај живее од милостината на хуманите луѓе. Секоја донација за нив е посебна радост.

Приоритет им е да набават градежен матријал за да успеат колку толку да изградат соба каде ќе живеат.

Објавено од: Viktor Gavrilov

Rate it
0%