За разлика од Трамп кој влезе богат во политиката, кај нас влегуваат сиромашни во политиката, а излегуваат милионери, рече во Ноќен експрес, новинарот – истражувач Џељал Незири.
Незири смета дека поради големиот обрт на средства политиката во Македонија треба да се рангира како индустриска гранка.
– Во Македонија во 2015 година направен е обрт во политиката од 15 милиони евра за плати, патарини и останати трошоци и покрај тоа што во
2015 година немаше избори, вели Незири.
Градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, според прикажаниот имотен лист е најбогатиот градоначалник во Македонија. Само имотот што му е вратен со денационализација, како што рече Алексовски во Ноќен експрес, изнесува над три милиони евра.
-Кога станав градоначалник јас поднесов анкетен лист каде беше пријавен и имотот од
330 000 м2 вратен со денационализација кој по моја слободна проценка изнесува 3.330 000 евра .Јас имам и свои фирми кои работат и со кои управуваат луѓе кои се поставени таму.Јас тие фирми ги имав и пред да бидам градоначалник и се ставени на анкетните листови, вели најбогатиот градоначалник во Македонија, Арсенчо Алексов.
Институициите во Македонија го помагаат богатењето на јавните функционери.
Институциите кои се задолжени со закон да го следат богатењето на јавните функционери се тотално анемични во делот на нивното следење и тоа е голем хендикеп ако споредуваме со запад смета адвокатот и поранешен претседател на Антикорупциската комисија, Драган Малиновски во Ноќен експрес.
До незаконско стекнување на имот се доаѓа со злоупотреба на функцијата а до злоупотреба на функција се доаѓа со нетранспарентни постапки и нетранспарентно носење на одлуки,недавање отчет,вели Малиновски.