Радио Канал 77, во среда на 27.04.2016 стартуваше со нов проект под името „Радиовизија“. Станува збор за мултимедијална платформа со чии рамки ќе се емитуваат 20 емисии (понеделник, среда и петок), во терминот од 21:00-23:00 часот од студијата на Канал 77 во Штип и Скопје, како и од седум различни градови низ Македонија.
„Ноќен Експрес“ е името под кое ќе се реализираат 20-те емисии во понеделник, среда и петок, од двете студија на Канал 77 во Штип и Скопје и од седум различни градови, за да видиме како размислуваат граѓаните за актуелните теми. Емисиите Ноќен Експрес се со различни содржини, концепти и жанрови и се свовидно ноќно радио talkshow, кое е со мултимедијална платформа и ги задоволува критериумите на радиовизија.
Ноќен Експрес-сатирично, хумористично и забавно шоу со целосно насочен поглед кон општествено-политичките настани. Со трите емисии неделно целосно ќе се следат најактуелните збиднувања, прикажани низ призмата на сатирата и хуморот.
Завчера, на 27 април слушателите на Канал 77 имаа можност да го слушат, но и да го гледаат првото издание на Ноќниот Експрес на тема „Протести и контрапротести“ во кое гости беа Јован Постоловски Јофе – новинар; Митко Гогов-поет и граѓански активист; Методи Андонов-каракатурист и Иле Кикиритков-музичар.
120 минути време за сатира, хумор, забава и интеракција – Ноќен Експрес на Канал 77.
Следете не’ секој понеделник,среда и петок на една од 32-те фреквенции на канал 77 на https://www.kanal77.mk/
Вечерва со почеток во 21:00 часот во Радио Кафе Канал 77 ќе стартува второто издание на Ноќен Експрес. Гости: Сафет Бишевац-поранешен пратеник и новинар; Младен Крстевски-актер и режисер; Методи Андонов-каракатурист и музичкиот бенд Kapa & Hotline.
Водител Столе Наумов – помошник водител Мартин Богатиноски.