ExYu
Fresh
Cafe
Rock
Deep House
Radio EastGate Mall
Play button

Парадокс

144 Results / Page 10 of 16

Background

Парадокс

Цветковска: Секој град во Македонија има по еден или двајца, Нефи Усеини (ВИДЕО)

Нефи Усеини есамо Охридскиот симбол,секој град во Македонија има по еден или двајца , Нефи Усеини. Не се проблем само дивоградбите туку комплетно визијата за урбанизација. Урбанизацијата не е градење само, туку одредува каков живот ќе имаме сите ние, изјави новинарската од IRL, Сашка Цветковска при гостувањето во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77. Во случајот со Нефи Усеини, видовме пораз на институциите и нивна не можност да одговорат на предизвикот да се справат со корупцијата, има низа институции кои […]

today28/03/2020 9

Парадокс

Во денешниот „Стадион“ за Охрид, дивоградбите, урбаната мафија: Секој град си има барем по еден Нефи Усеини (ВИДЕО)

„Стадион“ и „Парадокс“ и оваа сабота продолжија во потрагата на нови парадокси. Во денешната двочасовна емисија „Стадион“ на „Канал 77“ тема беа дивоградбите, почитувањето на урбанистичките планови и правила на живеење, узурпирањето на градежниот простор и градежната мафија. Главно се зборуваше за Охрид, градот на УНЕСКО, кој може да биде избришан од светската листа на природно и културно наследство, поради уништувањето на крајбрежјето, урбаната мафија… Во рамките на емисијата беше презентирана новинарската истражувачка сторија на Габриела Додевска „Охрид со бизнисите […]

today28/03/2020 17

Парадокс

Охрид со бизнисите на Нeфи Усеини влезе во извештајот на ЕУ во делот за корупција

„Земјата продолжува да презема проактивни истраги, гонења и конечни пресуди за случаи на корупција, вклучително и на високо ниво. Ги потврдува позитивните трендови пријавени во 2018 година. Зајакната е законодавната рамка за спречување на корупцијата. Постигнат е добар напредок преку натамошно консолидирање на евиденција за истрага, гонење и судење на случаи на корупција на високо ниво. Овие напори треба да продолжат со истата засиленост и на транспарентен начин, без оглед на позицијата или политичката припадност на осомничените “, вака Европската […]

today26/03/2020 40

Парадокс

Крешник Бектеши, министер за економија во „Стадион“ (видео)

–  Владата ќе понуди поширок сет мерки за санирање на последиците од пандемијата со коронавирусот за помош на сите  компании, стимулирање на производството и за платите на вработените. До сите кои се однесуваат профитерски и шпекулативно во овој период и ги зголемуваат цените и маржите на производите, апелирам да бидат одговорни и ги уверувам дека ќе бидат строго санкционирани. Ги потсетувам дека инспекторите, кои сега се презафатени, ќе работат и после кризата – изјави министерот за економија Крешник Бектеши во […]

today23/03/2020 111

Парадокс

ССМ предлага мораториум на сите договори за вработување (видео)

По пример на Италија, која најмногу ги почувствува поседиците од коронавирусот, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) предлага прогласување на мораториум на сите договори за вработување поради економски, организациони, технолошки и други причини. Овој предлог во гостувањето во емисијата Стадион на Канал 77, го образложи претседателот на ССМ, Дарко Димовски. -Оваа мерка е применета за да не дојде до несовесно отпуштање на работници. Некои несовесни работодавачи ова го користат да отпуштат работници. Исто така предлагаме исплата на бруто платите без […]

today21/03/2020 16

Парадокс

„Стадион“: Живот и економија во корона-услови – епидемијата стивнува релативно брзо, економските последици може да траат долго (ВИДЕО)

Коронавирусот е глобална закана за здравјето и за животите на луѓето. Досега во светот се заразени повеќе од 270.000 луѓе, починаа повеќе од 11.000. Државите воведуваат вонредни, радикални мерки… Но, Ковид19 радикално влегува и во економијата. Колку ќе трае, како ќе се преживее рецесијата? Се прекинуваат економските синџири, протокот на луѓе, стока и услуги секнува. Што презема светот за да се спречи економски колапс? Што презема Македонија? На оваа тема денеска се дебатираше два часа во емисијата „Стадион“ на „Канал […]

today21/03/2020 6

Парадокс

Габриела Кулебанова: Банките да бидат солидарни со граѓаните и бизнисмените во кризата (видео)

Според потпретседателката на Соузот на стопански комори на Македонија банките треба да покажат поголемо чувство за кризата и да бидат свесни дека големите профити што ги правеа изминативе години не се возможни ако стопснството колабира. Банките треба да овозможат одложување на плаќањето на обврските за граѓаните и за бизнисот не само за три месеци туку до крјаот на годината. – Ние донесовме заклучок во комората нашите членки да се воздржуваат од отпуштање на работници. Истовремено бараме од министерот з аекономија […]

today21/03/2020 13

Парадокс

Барзов: Македонските компании да ги преземат јавните набавки на државните институции (видео)

Сопственикот на штипската компанија „Баргала“, Наум Барзов предложи македонската чевларско – кожарска индустрија да ги преземе сите тендери за униформи и чевли војската, полицијата и другите државни институции. -Иако тие набавки не се многу големи, ова ќе обезбеди да бидеме во функција еден месец, а да не ни дава државата „суви пари“, предложи Наум Барзов, во емисијата Стадион на Канал 77. https://www.youtube.com/watch?v=D1xR3FQkuUg&feature=emb_title

today21/03/2020 91

0%