Груевски лично ја координирал акцијата против Здружението на новинарите.. Од 36 случаи на насилство врз новинарите нито еден не е расчистен, насилниците не се откриени а камоли да се казнат.. Насилството е мотирирано и оркестрирано од власта која праќа порака новинарите да бидат тепани, заплашувани и за тоа никој нема да одговара, вели во интервјуто за Ноќен експрес претседателот на ЗНМ Насер Селмани, кој во откривањето на сторителите и нивните нарачатели голема надеж полага со Специјалното обвинителство.. https://youtu.be/KYcmhjopoJo
Со Игор Мицевски, предавач и истражувач на Институтот за комуникациски студии, разговараме за отсуството на дебата помеѓу политичките актери, за причините но и за начините како да се зголеми притисокот за таа да се случи. Мицевски вели дека отсуството на дебата е последица на повеќегодишна колонизација на медиумскиот простор од страна на партијата и државата, со наратив кој не дозволува пукнатини и оставање можности да биде предизвикан. Решенијата ги гледа во консолидирање на институциите, како и во јакнење на сојузот […]