https://youtu.be/9jla3raAY4Q „Ноќен експрес“ во живо од Куманово од “Food Revolution”, на тема „Македонија во срцето. Србија и Бугарија за црни денови“. Со гости: Сузана Андновиќ, поврантик од Авганистан, Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово, Драган Ивановски, хуморист од „Нема љутиш“ и Неџат Аќифи, сопственик на ТВ Феста. Се разговараше за тоа дали има позначајни инвестиции од повратниците од Ирак и Авганистан, за процесот на интеграција по враќањето дома, за искуството од работењето на Блискиот Исток. Слушателите преку јавувањата во емисијата оценија […]
https://youtu.be/V1pfF3_Gjf8 Ноќен експрес на тема „Истражен затвор Канал 77 – притворско одделение Ноќен експрес“. Искуството од притворот го споделија гостите Ване Цветанов, поранешен директор на Агенцијата за спречување на перење пари, Александар Диневски, поранешен разузнавач и Томислав Кежаровски, новинар. Соговорниците изјавија дека голем е бројот на притвореници на кои незаконски им е изречен притвор, што потоа го менува текот на целата процедура. Слушател, кој има татко во притвор изјави дека чека цел ден за 10 минути посета. Музика: Ице Морал […]
https://youtu.be/IWvFcGTFPiE Тема на шестото издание „Нема хумор нема мир“ со гости: Ранко Петровиќ – Буба мара, Горан Ѓуровски – Зевзек со телефонско вклучување на Иван Крадак, хуморист и Сашо Кокаланов од „Коза ностра“. За отсуството на сатирата во јавниот живот и третманот на хуморот во услови кога власта не „прифаќа шеги на своја сметка“. Благодарение на социјалните мрежи граѓаните наоѓаат нови прозорчиња за искажување на став, мислење преку хумор. Музика: Stend by
https://youtu.be/U-aA9YUwSUQ Издание од Тетово, Кафе бар „Маестро“ на тема: „Градоначалник повеќе од премиер“. Гости: Дарко Габревски, хроничар, Драган Давидовски, советник во Советот на општина Тетово, Башким Сулејмани, новинар и Самка Ибримовски, политичар. Зошто е толку привлечна градоначалничката фотеља? Мислат ли градоначалниците на интересите на граѓаните од кои се избрани? Ибраимовски го објаснува случајот со наводно расипаното месо кои било делено на граѓаните од ромска националност и според негово објаснување бил наместен од поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Градоначалниците […]