ExYu
Fresh
Cafe
Radio EastGate Mall
Play button

Билет во два правци

21 Results / Page 2 of 3

Билет во два правци

Искуствата од Швајцарските алпи охриѓанец ги носи дома

Ретки се оние кои од како ќе заминат во странство, по неколку години се одлучуваат да се вратат назад во Македонија. Таков е примерот со охриѓанецот Горан Анѓелоски кој по години поминати во Швајцарија  носи одлука животот да го продолжи овде, но со убава намера да инвестира во туризмот  и тоа во  Куратица селото од каде што потекнуваат неговите дедовци. По десеттина години поминати иљадници километри далеку од Охрид, во Швајцарија, охриѓанецот Горан искуствата стекнати при посетата на швајцарските алпи […]

today26/12/2018 31

Билет во два правци

Знаењето и способноста не се критериуми во Македонија

Безперспективноста на високо образованата младина во Македонија , нивните неисполнети очекувања од факултетско високите оценки за добро платена работа, и разочарувањето кое потекнува од моментот на доделување на висока работна позиција на лица со едвај завршен факултет но со партиска книшка , се фактор плус за зголемување на бројот на млади кои заминуваат од Македонија. Во училиштата од Западна Македонија,  се повторува приказната за превработеност по партиска директива, за отпуштање на партиски неопределени наставници без никакви образложенија и за партиското […]

today26/12/2018 9

Билет во два правци

Се враќаат за да инвестираат во родниот крај

Додека некои заминуваат во странство, други се одлучуваат да се вратат назад од Западноевропските држави и да инвестираат во Македонија. Иако бројот на оние кои си одат е многу поголем, сепак има и такви кои дел од својот капитал кој го создале надвор почнале да го реинвестираат во родниот крај. Сторија на Мики Трајковски Иселеници од струшко Боровец се вратија во Струга и отворија сопствен бизнис Фикрет Селимоски од струшкото село Боровец по речиси две децении живот и работа во […]

today26/12/2018 49

Билет во два правци

Македонски лекарски дипломи за германски болници

Над 600 лекари од јавното и приватното здраство ја напуштија Македонија.Состојбата е алармантна.Од здружението на приватни лекари апелираат-граѓаните ќе бидат доведени во ситуација да нема кој да ги лекува. За вработување ,партиската книшка побитна  од просекот Дваесет и четири годишниот Страхил Тодоров од Велес  пред шест месеци дипломира на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Во неговото C.V.пишува дека образованието  го  завршил навреме, за шест години, со просек  9,76. Тој одлично го владее англискиот и почнал […]

today26/12/2018 54

Билет во два правци

Самит за спас на Охрид од иселување

Охрид полека прераснува во град на пензионери. Масовното  иселување од нашиот најголем туристички центар последните неколку години според експертите може  да ја промени демографската слика на градот. Охрид е шампион во Македонија по бројот на иселувања. Според официјалните бројки на Државниот завод за статистика од Охрид во последните години се иселиле повеќе од 8000 луѓе.Најалрмантно било во 2012 година кога градот го напуштиле 1.296 лица. Од  целиот регион на Охрид , Струга и Дебарца си заминале повеќе од 13000 луѓе.Но […]

today26/12/2018 44

Билет во два правци

Во Македонија со дипломи за високо образование, во странство работници за се’ и сешто

Долг е списокот на причини на младите тетовчани зошто би заминале надвор од Македонија па барем и на три месеци „гастербајтерствo“ во некоја од европските или прекуокеанските земји. Уште поголем е бројот на млади лица кои под покровот на привремена работа заминуваат за да останат и да го живеат американскиот сон некаде далеку од дома. Но дали сонот, може да се живее и во Македонија. Сторија на Снежана Новаковска, поддржана од Националниот Демократски институт од Вашингтон. Се продуцираат кадри коишто […]

today26/12/2018 16

Билет во два правци

За четири години бројот на ученици во средните училишта во Струга намален за повеќе од петстотини

Сторијата е на Мики Трајковски, поддржана од Националниот Демократски институт од Вашингтон. Се’ повеќе столчиња во струшките средни училишта остануваат празни поради заминување на ученици во странство. Во последните три- четири години бројот на ученици се намалил за околу 500 што е алармантен податок – велат професорите. Учениците остануваат без свои школски другари бидејки многумина заминуваат откако ќе ги добијат потребните документи. „Да, заминати се тројца во странство. Еден во Австрија, еден во Швајцарија, еден во Италија. Бевме 25 ученици […]

today26/12/2018 40

Билет во два правци

Печалбарите ги чекаат потезите на новата власт

Економијата, политичката состојба во државата, национализмот, поделбата по етничка основа – ова се само дел од причините поради кои младите битолчани во последните години масовно се иселуваат во странство во потрага по работа и достоинствен живот.  Иселените се оптимисти дека целокупната општествена слика во државата брзо ќе се надмине.  Носталгијата за татковината е голема  исто колку и желбата да се вратат назат, да се вработат,  да го применат  искуството од странство во родниот крај. Таков е случајот со битолчанецот,  Дејан […]

today26/12/2018 1

Билет во два правци

Македонија има млад Нобеловец, државата не слушнала за него

Ретко кој во во земјава знае дека Македонија има Млад нобеловец. Тоа е тетовецот, Игор Томевски. Наградата ја добива за достигнувања од областа на филмот и театарот. Во моментов не живее во Македонија, студира во Њујорк. Дали ќе се врати во земјата од која нема никаква поддршка, или ќе остане таму каде што го препознале неговиот талент, ќе зависи од државата чиишто национални статегии за задржување на младите, засега не даваат резултати. Сторијата е на Снежана Новаковска, поддржана од Националниот […]

today26/12/2018 53

0%