Cafe
Fresh
Radio ExYu
Radio EastGate Mall
play_arrow

keyboard_arrow_right

Listeners:

Top listeners:

skip_previous skip_next
00:00 00:00
playlist_play chevron_left
  • play_arrow

    Канал 77 Само Хитови

  • play_arrow

    Kanal 77 Ex Yu

Проекти

224 Results / Page 1 of 25

Зголемена локална транспарентност

Политичката криза се заканува охриѓани да ги остави без егзистенција

Политичката криза може многу семејства во Охрид да остави без леб.Ако нема разрешница, предупредуваат туристичките работници, тогаш таа сериозно ќе удри врз туризмот кој е водечка стопанска гранка во градот. Иљадници граѓани го очекуваат доаѓањето на туристичката сезона како можност да заработат некој денар повеќе, како би го преживеале остатокот од годината. Половина Охрид живее и егзистира од туризмот како водечка економска гранка во нашиот најголем туристички центар.Но, политичката криза може да им ги расипе плановите. Ако нема разрешница, тогаш […]

today28/12/2018 6

Зголемена локална транспарентност

Шкариќ: Референдумот во Гевгелија е обврзувачки за државата

Ќе се јави конфликт меѓу граѓаните и власта доколку институциите не ја почитуваат граѓанската воља искажана преку референдумот, бидејќи граѓаните се носители на власта. Ова е толкувањето на професорот по Уставно право, Светомир Шкариќ, за искажаниот скептицијам во јавноста, дека граѓанското „не“ за изградба на рудник во Гевгелија, нема да биде почитувано од централната власт. Од друга страна, игнорирањето на граѓанската воља, може да биде обесхрабрувачки за новите вакви иницијативи што се најавуваат. Резултатите од референдумот од Гевгелија , преку […]

today28/12/2018 17

Зголемена локална транспарентност

Грците го прават Дојран успешна приказна

Кога ќе се спомене Дојран и погранично место, веднаш првата асоцијација е на трговската размена со посетителите од јужниот сосед, која значително се зголеми во последните години на економската криза што ескалираше од другата страна на границата. Грците ги преплавија бензиските станици, стоматолошките ординации, дуќаните, рестораните, пазарите во пограничните места со Македонија, меѓу кои е и Дојран, па се поставува прашањето – може ли и ова мало туристичко гратче да има целогодишна економска придобивка од статусот погранично место? Улогата на […]

today28/12/2018 10

Зголемена локална транспарентност

Куќите подарок од Жан Митрев – купишта цигли, даски и рамки без слики

Нема пари за реконструкција на една од куќите што општината ги доби на подарок од штипскиот кардиохирург, Жан Митрев. Средствата што ги доби преку Источно планскиот регион отидоа во Виница. Од општината велат одбиени се без образложение, од Источно планскиот регион пак, недостасувала потребната документација. Во Штип има околу дваесет стари куќи со решение за културно наследство. Додека го чекаат својот ред за некаква помош од државата, некои од нив можат да станат прашина. Познавачите на овие состојби велат, градиме […]

today28/12/2018 4

Зголемена локална транспарентност

Седум години чекаат трансфорамција на земјиште за да градат пензионерски станови

Здружението на пензионери од Струмица речиси седум години чека дозвола за тарнсфорамција на земјиштето, кое го користат за да градат пензионерски станови. Постапката заглавила во Одделението за имотно правни работи при Министерството за Финансии. Станува збор за повеќе од илјада метри квадратни земјиште кое се води на Р.Македонија, а на кое Здружението има своја зграда, ресторан, канцеларии. Сакаат да го откупат, но одлука на државните органи нема. Успеале да издејствуваат и промена на урбанистичкиот план за да подигнат стамбена зграда […]

today28/12/2018 5

Зголемена локална транспарентност

Пожарите ја пеплосуваат иднината на нашите деца

Пожарите во март, само на територијата на Пијанец и Малеш изгореа над 200 хектари шума. Сите пожари се предизвикани од човечки фактор, а штетите се бројат во милиони, но последиците се немерливи. Шумата, освен дрвна маса има и 5 илјади други општокорисни функции, а таа ги губи, поради ниската свест кај луѓето за значењето на шумите. Експертите од оваа област апелираат за превентивни мерки, бидејќи по пожарот, веќе се бројат само штетите. Алармантната состојба со пожарите во март, отвори и […]

today28/12/2018 8

Зголемена локална транспарентност

Политичката криза ги заглави субвенциите за земјоделците

На протести излегоа струмичките земјоделци. Побараа од институциите да не ги манипулираат, бидејќи како што рекоа, изморени се да ја барат ветената државна помош, со која претходната влада на големо се рекламираше. Доста е од популизам, време е, како и нашите деца да си спакуваме куферите, велат земјоделците. Од Министерството за финасии засега нема одговор. Сведоци сме колку тендери се завршени, колку задолжувања за некои проекти се направија, а кога станува збор за земјоделецот нас нигде не не’ споменуваат. Ристо […]

today28/12/2018 5

Зголемена локална транспарентност

Дебар, Река и Центар Жупа останаа со само еден гинеколог

Во општина Дебар со околу 20000 жители има само еден гинеколог. Ситуацијата да е по алармантна,  дебарското гинеколошко одделение каде работи овој гинеколог, ги покрива и двете соседни општини Река и Центар Жупа. Поради тоа многу често дебарчанки за породување се препраќаат во Струга, каде тамошното гинеколошко одделние е најдобро екипирано во однос на одделенијата во останатите општини од Југозападниот дел на Македонија. Условите таму не дека се лоши тие се добри, но нема доволно персонал. Поради тоа и законски […]

today28/12/2018 4

Зголемена локална транспарентност

Центар за аутизам во Штип или само центар за згрижување на децата

По Скопје, Штип е вториот град каде државата се одважи да изгради Дневен центар за аутизам. Го најавуваа со години, министрите за труд и социјала се менуваа, но колку реално Центарот ја подобри социјализацијата на децата со аутизам, кои и понатаму се на општествените маргини. Отворањето беше добра основа, но се случи набрзина, со децата работи мал кадар кој не е доволно обучен – реагираат родителите. Го најавуваа помпезно, го отворија подоцна од планираното – надлежните истакнуваа дека Центарот ќе […]

today28/12/2018 11

0%