ExYu
Fresh
Cafe
Rock
Deep House
Radio EastGate Mall
Play button

Paradox

63 Results / Page 6 of 7

Парадокс

Живот и економија во корона услови

Вонредна состојба во државата, вонредна состојба во економијата, која ги затвори угостителските објекти, продавниците, пазарите, а дел од вработените остнаа дома. Многу бизниси се водат од далечина, од софата во дневната соба. Коронавирусот ја забави економијата, а во одредени сектори и сосема ја стопира, што особено го почуствуваа малите бизниси по локалните средини. Први на удар се транспортерите. Камионите на штипската транспортна компанија „Балекс“ најчесто возеа во Италија, каде дел и се затекнаа со раширувањето на заразата во оваа европска […]

today20/03/2020 52

Парадокс

Трајан Димковски: Засега нема ниту една пријава до обвинителството за злоупотреби во земјоделието(видео)

Засега до Обвинителството не се поднесени никакви материјали т.е документации со кои се укажува на сомневање за злоупотреби во земјоделието, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски во неговото гостување во емисијата Стадион. Тој тврди дека се уште се работи и дека поголем дел од документацијата се наожа во Бирото за вештачење. https://youtu.be/myzYic25Uo0

today14/03/2020 12

Парадокс

Цветан Трифуновски: Поднесовме кривични пријави против членовите за комисиите и министерот Димковски(видео)

Досега со министерот за ЗШВ ,Трајан Димковски комуницираме само службено изјави во телефонското јавување во емисијата Стадион ,заменскиот министер во оваа министерство, Цветан Трипуновски.Тој вели дека имаат утврдено голем број на неправилности во работењето на Министерството, како на пример издавање на едно исто земјиште на двајца апликанти . „Токму поради тоа имаме поднесено кривични пријави против членови на комисиите како и против актуелниот Министер Трајан Димковски“, вели Трипуновски. https://youtu.be/bRJLrIQ2Yg8

today14/03/2020 428

Парадокс

Министерот Димковски и професорот Димитриевски во „Стадион“(видео)

Според министерот за земјоделие Трајан Димковски приходите и извозот на земјоделски производи постојано растат. Проблемот со реиздавање на земјоделско земјиште мора да се решава заедно со земјоделците. За професорот Драги Димитриевски субвенциите се нужни и неопходни за целокупното општетсво не само за земјоделците. Критериуми за подобрување на методологијата по производ се потребни, меѓутоа субвенциите имаат и силно ценовно влијание на пазарот и снабдувањето со земјоделски производи за граѓаните во државата. Министерот Димковски тврди дека во изминатите 2,5 години поради разни […]

today14/03/2020 13

Парадокс

Аграрот беше тема во денешниот „Стадион“: Во чии раце е земјоделството – во тие на земјоделците или на зелената мафија? (ВИДЕО)

Државата нема увид со колкава површина државно земјоделско земјиште располага. Едни го земаат тоа земјиште, други ја обработуаат земјата, некои узурпираат, други профитираат… Во чии раце е земјоделството – во тие на земјоделците или на зелената мафија. Ова беше денешната тема на емисијата „Стадион“ на „Канал 77“ во рамките на серијалот „Парадокс“. Само во изминатите три години на земјоделците им се исплатени речиси 400 милиони евра субвениции. Дали соодветно е зголемено и земјоделското производство или и понатаму се зголемува увозот? […]

today14/03/2020 13

Парадокс

Во чии раце е земјоделието-земјоделците или зелената мафија?

Со распаѓањето на големите земјоделски комбинати во државна сопственост, огромни земјоделски плодни површини останаа необработени. Со цел надминување на овие состојби, но и за намалување на бројот на невработени лица кои по разни основи останале без работа државата започна да ги издава овие слободни земјоделски површини. Со текот на годините се менуваа условите за издавање на плодното земјиште, за да со зголемувањето на висината  на субвенциите  се зголемуваше и интересот за земање под концесија на што поголеми земјоделски површини,па така  […]

today12/03/2020 95

Парадокс

Како се градеше Белиот дворец на ВМРО ДПМНЕ? (видео)

Партиската зграда на партијата ВМРО ДПМНЕ е градена во партнерство, но не според принципот на јавно приватно партнерство. Единственото точно е дека зградата е направена со партнерство со компанија, која добива свој дел, додека локацијата е на партијата. Ова е објаснувањето што на коментар  на слушател на Канла 77 во емисијата Стадион го дава познавачот на темата јавно приватно партнерство, Мирослав Трајановски. Претседателката на тинк тенк организаицјата Тамара Мијовиќ Спасова во емисијата даде и повеќе толкувања за досегашното практикување на […]

today02/03/2020 24

Парадокс

Една сијалица чини 900 евра само кога плаќаат граѓаните

Давањето на услуги преку форма на јавно -  приватно приватно партнерство е ретко практикувано и релативно нов принцип на работа во државата. Главната цел на ЈПП е вклучување на приватниот сектор во обезбедувањето на јавни услуги, со што улогата на јавниот сектор се менува од сопственик кон купувач и чувар на јавните интереси. Приватниот партнер влегува за да заработи, но јавниот партнер, во случајот општината, е тој што го чува интересот на граѓаните. Ова се води од верувањето дека јавниот […]

today27/02/2020 110

0%