Проект „Џумајлија“ со кој Браќата Даневски од регионални моќници станаа затворски станари
12-та година изминува од отворањето на стечајот во некогаш моќниот и богат државен агрокмбинат, Акционерско друштво „Џумајлија“ од Лозово. Житото и виното од цело Овче Поле и пошироко до Тиквешијата, завршуваа во „Џумајлија“, од каде живееја близу 1000 семејства од Велешко до Штипско. За пошироката јавност, тоа е просторот каде индискиот милионер Субрата Рој сакаше да одгледува 8000 крави и да посее 5.400 хекари со вработување на 900 работници. По апсењето на Индиецот Рој, плодната овчеполска житница со години стоеше […]