ExYu
Fresh
Cafe
Rock
Deep House
Radio EastGate Mall
Play button

Проекти

224 Results / Page 24 of 25

Билет во два правци

Инвестирањето во туризам ги врати во земјата

Додека едни заминуваат од Македонија други се враќаат назад и инвестираат овде. Таков е случајот со семејствата Ајази од Струга  и Сотироски од Охрид, кои по децении живот во Швајцарија односно Австралија инвестираат во сопствени хотелски капацитети покрај Охридското Езеро. Велат дека се одлучиле на ваков чекор бидејки сакале она сто што како капитал го стекнале во државите во кои живееле да го вложат во татковината. Но се соочуваат со многу предизвици и проблеми. Сотир и Руфи се македонските граѓани […]

today26/12/2018 80

Билет во два правци

Не сакаат сите млади да си одат од државата

Не сакаат сите млади да си одат од дома и професионалната кариера и животот да го градат надвор од Македонија. Оваа малку поинаква приказна за трендот на иселувањето доаѓа од Делчево, градот од каде секојдневно се иселуваат по цели семејства трагајќи по ветената земја и подобрата заработувачка. Дипломираниот криминалист Влатко Величковски кој 6 години чека вработување опстојува на предизвикот кариерата и животот да ги гради на родното огниште и чека да се променат работите дома, а државата да ги отвори […]

today26/12/2018 107

Билет во два правци

Стратегиите за младите по фиоки, младите надвор од Македонија

Голем е бројот на мерки кои што ги презема државата за вработување на младите. Тие даваат можност за отварање на работни места, самовработување, поволности за фирмите, можност за дообразување и обучување, но евидентно е дека тоа не е доволно. Ниту една стратегија досега, барем во изминатите години, не ги одвраќаат младите да не ја напуштат државата, своето вработување и својата кариера да ја гледаат надвор од земјата. Проблемот треба да се решава од корен, а не да се нудат краткорочни […]

today26/12/2018 98

Билет во два правци

Во Охрид постојано има недостиг на работна сила тврдат надлежните, анкетите велат друго

Младите од Охрид си заминуваат бидејки не гледаат перспектива овде, покажало истражувањето на Младинскиот совет од Охрид кое беше спроведено неодамна. Резултатите од анкетата која била направена помеѓу лица кои се веќе отселени од градот меѓу другото покажала дека една од најголемите причини за тоа е невработеноста. Димче Каневче од оваа организација вели дека си одат и оние кои се на возраст помеѓу 30  и 60 години. Охриѓани заминуваат бидејки професионално не можат да се реализираат во Охрид „Скоро никој […]

today26/12/2018 96

Билет во два правци

Каменот повеќе тежи во родното место, но дали доволно да ги врати иселените

Многу генерации Македонци заминале од родната земја со намера и сон да се вратат назад и да живеат и творат во родната земја.За жал денес оние кои сакаат да се вратат и да работат во Македонија се ограничени поради условите кои им ги нуди Македонија како инвеститори во родната земја. Има ли во Македонија поволна клима за враќање на оние кои заминале повторно да се вратат назад и капиталот кој го стекнале во туѓина да го инвестираат во напредок на […]

today26/12/2018 96

Билет во два правци

Искуствата од Швајцарските алпи охриѓанец ги носи дома

Ретки се оние кои од како ќе заминат во странство, по неколку години се одлучуваат да се вратат назад во Македонија. Таков е примерот со охриѓанецот Горан Анѓелоски кој по години поминати во Швајцарија  носи одлука животот да го продолжи овде, но со убава намера да инвестира во туризмот  и тоа во  Куратица селото од каде што потекнуваат неговите дедовци. По десеттина години поминати иљадници километри далеку од Охрид, во Швајцарија, охриѓанецот Горан искуствата стекнати при посетата на швајцарските алпи […]

today26/12/2018 102

Билет во два правци

Се враќаат за да инвестираат во родниот крај

Додека некои заминуваат во странство, други се одлучуваат да се вратат назад од Западноевропските држави и да инвестираат во Македонија. Иако бројот на оние кои си одат е многу поголем, сепак има и такви кои дел од својот капитал кој го создале надвор почнале да го реинвестираат во родниот крај. Сторија на Мики Трајковски Иселеници од струшко Боровец се вратија во Струга и отворија сопствен бизнис Фикрет Селимоски од струшкото село Боровец по речиси две децении живот и работа во […]

today26/12/2018 90

Билет во два правци

Македонски лекарски дипломи за германски болници

Над 600 лекари од јавното и приватното здраство ја напуштија Македонија.Состојбата е алармантна.Од здружението на приватни лекари апелираат-граѓаните ќе бидат доведени во ситуација да нема кој да ги лекува. За вработување ,партиската книшка побитна  од просекот Дваесет и четири годишниот Страхил Тодоров од Велес  пред шест месеци дипломира на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Во неговото C.V.пишува дека образованието  го  завршил навреме, за шест години, со просек  9,76. Тој одлично го владее англискиот и почнал […]

today26/12/2018 202

Билет во два правци

Самит за спас на Охрид од иселување

Охрид полека прераснува во град на пензионери. Масовното  иселување од нашиот најголем туристички центар последните неколку години според експертите може  да ја промени демографската слика на градот. Охрид е шампион во Македонија по бројот на иселувања. Според официјалните бројки на Државниот завод за статистика од Охрид во последните години се иселиле повеќе од 8000 луѓе.Најалрмантно било во 2012 година кога градот го напуштиле 1.296 лица. Од  целиот регион на Охрид , Струга и Дебарца си заминале повеќе од 13000 луѓе.Но […]

today26/12/2018 244

0%