ExYu
Fresh
Cafe
Rock
Deep House
Radio EastGate Mall
Play button

Ноќен Експрес

Државната изборна комисија беше должна да излезе порано со првични неофицијални резултати

today28/12/2018 12

Background

ДИК е должна оргиналните записници од избирачките одбори кои се доставени до општинските одбори истите да ги добијат и објават вечерта, вели Александар Новаковски поранешен претседател на ДИК за 55 тото издание на Ноќен Експрес на тема Анализа на резултатите од изборите.

Ние сме држава во која за два часа може да се стигне до Скопје и да се достават материјалите. Доколку ДИК си дале луксуз да се ослонат само на електронските податоци тогаш можно е да дојде до големи недоразбирања при внес на податоците од центрите од општинска изборна комисија преку електронска пошта и од оргиналните записници кои ги добиваме сега и сметам дека грешката е направена тука и се надевам дека ќе бидат внесени податоците од оргиналните записници вели Новаковски за Ноќен Експрес на Радио Мрежа Канал77.

Инаку државната изборна комисија вели Новаковски беше должна да излезе порано со првични неофицијални резултати со оглед на тоа дека ова беа пропорционални парламентарни избори, и во покомплицирани случаи кога сме имале и локални и парламентарни избори со резултати сме излегувале во 23ч. и 30 мин.

Објавено од: Viktor Gavrilov

Rate it
0%