ExYu
Fresh
Cafe
Rock
Deep House
Radio EastGate Mall
Play button

Билет во два правци

За четири години бројот на ученици во средните училишта во Струга намален за повеќе од петстотини

today26/12/2018 78

Background

Сторијата е на Мики Трајковски, поддржана од Националниот Демократски институт од Вашингтон.

Се’ повеќе столчиња во струшките средни училишта остануваат празни поради заминување на ученици во странство. Во последните три- четири години бројот на ученици се намалил за околу 500 што е алармантен податок – велат професорите.

Учениците остануваат без свои школски другари бидејки многумина заминуваат откако ќе ги добијат потребните документи.

„Да, заминати се тројца во странство. Еден во Австрија, еден во Швајцарија, еден во Италија. Бевме 25 ученици во мојот клас, сега сме 22. Среде учебна година се отпишаа? Да и најчесто заради одење во странство“, ни рече еден ученик во прва година.

Директорот на гимназијата „Ибраим Темо“, Џеладин Муча вели дека годинава во нивното училиште учат помалку за 80 ученици во однос на минатата година. Поради тоа бројот на паралелки се намалил за две по една на албански и македонски наставен јазик.

„Тоа е болно. Нагло е паднат бројот на ученици за овие години.За овие 4 години откако сум јас директор на ова Училиште бројот е намален близу за околу 300 ученици. Причните ги знаеме, а тоа е младите и родителите на големо бегаат од овој град и бегаат во европските држави и уште подалеку во Австралија и Америка“, вели Муча.

Учениците во Струга се отпишуваат и среде учебна година

Муча истакнува дека многу често се случува ученици да се отпишат и среде учебна година:

„Нема одредено време. Кога ќе им стигнат документите или визите за заминвање тогаш бегаат и земаат учениците исписници. Сега имавме тројца- четворица ученици што ги зедоа документите и заминаа во Америка.Имаме навистина проблеми во училиштето, бидејки остануваат празни паралелки, остануваат професори без полн фонд на часови“.

Училиштето е немоќно да направи нешто повеќе го спречат овој процес, бидејки учениците како што вели директорот бегаат од економски причини. Последните години бараат од општината и согласност за паралелки со помал број на ученици.

И во средното стручно училиште Нико Нестор бројот на отпишани ученици е загрижувачки.

Слична е состојбата и во средното стручно училиште Нико Нестор. Оваа учебна година вкупниот број е помал за околу 90 ученици вели директорот Никола Затуроски.

„Во однос на намалувањето на бројот на ученици од кога сум директор, има околу 240 ученици помалку.Бројката на професори и на работен кадар не би требала да имаме намалување бидејки имаме една група професори кои за кратко време треба да исполнат условите за пензионирање и со тоа би ги анулирале тие аномалии кои би се десиле во однос на наставен кадар“, вели Затуроски.

Затуроски се надева дека најмногу за две години ваквиот негативен тренд на намалување ќе се стабилизира.

„Нема да има наголемување, меѓутоа бројката на завршени девето одделенци на ниво на општина Струга после две години ќе се стабилизира и нема да има тренд на опаѓање. Оваа година текстилната кожарска струка на македонски наставен јазик е ставена во фаза на мирување“, вели Затуроски.

Професорката во гимазијата Ибраим Темо, Соња Столеска смета дека намалувањето е подрастично во паралелките со настава на албански јазик.

„Намалувањето најмногу е во албанските паралеки, каде што имавме по осум и девет класа со по 30 ученици во една година, што се движеле помеѓу 240 и 300 деца на ниво на генерација.Пред 3-4 години им опаѓа бројката на 150-160. Годинава имаат 124 деца.Тоа се должи на политиката за не раѓање.Порано имале по 3-4 деца.Порано само главата на семејството одел во странство, а сега цели фамилии што се иселуваат“, вели Столеска.

Таа додава дека дополнителен проблем е и цетрализирањето на државата и заминувањето во главниот град Скопје.

„Јас мислам дека ваквиот тренд ќе оди уште две години бидејки годиава имавме 290 полуматуранти во македонска настава и 298 во албанска настава.Следната година е слично.Ние сега имаме паралелки со 18-23 ученици со тоа што до година ќе ги намалиме. Ние сега не примаме нов кадар од како некој ќе замине во пензија бидејки немаме каде“, вели Столеска.

Граѓанските организации организраат разни обуки за младите во Струга

Катерина Василеска од Локалната агенција за развој на Струга вели дека намалувањето на бројот на ученици станува сериозен проблем за Струга, но оти нивното влијание како Здружение било ограничено.

„Организираме многу обуки за зајакнување на младите, за животни вештини со кои сакаме да ги зајакнеме младите и да им овозможиме една поинаква перспектива и да видат дека во Струга има многу нешта кои можеби не постојат во моментот но дека тие се оние кои би можеле да ги измислат. Сметам дека родителите и училиштата се најважен фактор бидејки на тој начин на едно поголемо ниво и системски може да се делува. Сепак доколку родителите им велат на децата ајде завршувај што е можно побрзо и заминуваај од тука што е многу чест случај, ние како здрижение не можеме да влијаеме да го смениме тоа што тие го слушаат“, вели Василеска.

Инаку Струга е во групата водечки градови во Македонија од каде најмногу се иселуваат луѓе.

Мислењата искажани во оваа содржина, не нужно го рефлектираат ставот на Канал 77 или неговиот донатор.

Објавено од: Viktor Gavrilov

Rate it
0%