Македонија – Page 20 – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Последни вести

Во Скопје се одржа марш на црвените чадори

Во Скопје на улица „Македонија“, денеска по десетти пат се одржа марш на црвените чадори, во рамки на меѓународниот ден „Стоп за насилството врз сексуалните работници“, во организација на Граѓанската иницијатива за заштита на правата на сексуалните работници „Стар-стар“. Претставници на организацијата посочуваат дека во земјава има од 3.000 до ...

Повеќе »

Министерот за надворешни работи на Унгарија Сијарто утре во Македонија

Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто утре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија на покана на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров. Како што соопшти МНР, во рамките на посетата, предвидено е министерот Сијарто да биде примен од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, од ...

Повеќе »

Свечена академија по повод 50 години Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, денеска во Македонската филхармонија со Свечена академија ќе ја одбележи 50-годишнината од формирањето на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, којшто во изминативе пет децении одигра значајна улога во севкупното претставување на македонската национална култура во светот. Според програмата, пригодни обраќања ...

Повеќе »

Заев утре на неформален состанок со премиерите од Западен Балкан кај Могерини

Премиерот, Зоран Заев заедно со премиерите од земјите од Западен Балкан утревечер во Брисел ќе присуствува на неформален состанок на покана на високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини. На третиот неформален состанок на премиерите со Могерини ќе стане збор за актуелните настани во регионот и за перспективите за 2018 година, ...

Повеќе »

Одрон на патот Дебар – Струга, сообраќајот по една лента кај Џепиште

Сообраќајот на регионалниот пат Дебар – Струга во близина на село Џепиште поради одрон на голем камен се одвива по една коловозна лента во должина од 20 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација, соопшти АМСМ. Намалена видливост поради магла од 50 до 100 има на Стража, Плетвар ...

Повеќе »

ВМРО- ДПМНЕ: Само граѓаните на референдум може да одлучат околу спорот што го има Грција со нашето име

Одлуката околу решението на проблемот кој што Република Грција го има со нашето име не е и не може да биде екслузивна сопственост само на одредени политичари, па ниту на владејачкото мнозинство во Собранието – се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Од најголемата опозициска партија ги осудуваат изјавите на ...

Повеќе »

Кривична пријава за поранешната директорка на Завод и Музеј Охрид

Поранешната директорка на Завод и Музеј Охрид заработи кривична пријава поради големата финансиска штета врз Буџетот на РМ, настаната од непостапување по судска одлука од страна на поранешната раководителка на Музејот во случајот со судскиот спор за потпорните ѕидови до музејскиот комплекс „Куќа на Робевци“ меѓу установата и еден од ...

Повеќе »

Викендов бесплатни прегледи за пациентите со кардиореспираторни заболувања на Жан Митрев Клиник

Енормното загадување на воздухот го зголемува ризикот за срцеви, но и за мозочни удари, а особено влијае кај граѓаните кои веќе имаат кардиоваскуларни заболувања – вели д-р Емил Стоицовски, медицински директор при Жан Митрев Клиник. Во таа насока, посочува Стоицовски, Клиниката организира викенд акција за консултативни прегледи на пациентите кои ...

Повеќе »

Сообраќајот без застои, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во ...

Повеќе »

Ветер во Пелагонија и Штипскиот регион до 83 километри на час

Утринава во Македонија преовладува умерено, а во западните и северните делови значително облачно и релативно топло време. Во западните делови има слаб локален дожд. Само во крајните југоисточни делови времето е сончево. Дува умерен, а  на повеќе места засилен јужен ветер кој во Пелагонија достигнува брзина до 48 километри на ...

Повеќе »

Заев и Рама во посета на Мала Преспа и Пустец

  Премиерите на Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама денеска ќе ги посетат Македонците кои живеат во Мала Преспа и Пустец – пренесува Македонската информативна агенција.  Во Пустец двајцата премиери ќе остварат средба со претставници на локалната самоуправа, а ќе го посетат и училиштето и ќе донираат опрема ...

Повеќе »

Петта конференција на Здружението на преведувачи и толкувачи на Македонија

Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Македонија (ЗПРМ) денеска ќе одржи петта конференција на која ќе бидат опфатени теми кои, според членовите на ЗПРМ, се од посебен интерес и корисни за сите професионалци од преведувачката дејност, за корисниците на преведувачките услуги и за јавноста. Теми на конференцијата се „Книжевниот превод – ...

Повеќе »

Оптимистички најави од новата локална власт во Неготино дека проблемот со недостиг на вода ќе отиде во заборав

Ќе се реши ли конечно проблемот со недостигот на водата за пиење во Неготино – за новата локална власт решавањето на ова прашање е еден од главните приоритети. Целата вест може да ја ММС.МК

Повеќе »

Хумана акција- Заедно против загадениот воздух

Енормно загаден воздух, опасни ПМ 10 честички,  нарушено здравје и многу апели од сите страни за итни мерки… Тоа е секојдневието кое го живееме, за кое бараме решение, но акцијата, треба да почне од нас, од секој поединец…   Во таа насока, Жан Митрев Клиник превзема иницијатива и организира хумана ...

Повеќе »

Киро Глигоров постхумно носител на орден

Во пресрет на патронот на Штип, празникот Свети Никола, градоначалникот на Штип, Благој Бочварски даде образложение на одлуката Глигоров да го добие орденот. -Како граѓани на Штип имаме должност да ги зачуваме од заборав неговите големи достигнувања, да покажеме доблест и капацитет, да му го обезбедиме вистинското место во историјата ...

Повеќе »