ExYu
Fresh
Cafe
Rock
Deep House
Radio EastGate Mall
Play button

Парадокс

(Видео) Задушница е да им се даде на сиромашните, не е гозба на гробишта, вели Владиката Петар

today06/06/2020 9

Background

Вирусот постои за Митрополитот Преспанско Пелагониски и не дај Боже можат да се заразат и црковните лица, но црквата кажува дека од причесната не може да се заразиме оти сите свештеници досега ќе се разболеа и умреа. Владиката препорачува секој заразен и кој што контактирал да биде во изолација или самоизолација.

– Сите што се заразени да не доаѓаат во црква и нека повикаат свештеник со заштитна опрема дома и нека се причестат без лажичка, со налевање, иако од причесна никој не умрел досега затоа што тогаш верата наша не би била вера. Селективно однесување поинакво за едни верски заедници, а друго за Македонската православна црква е погрешно и ваквиот однос нема да придонесе за почитување на мерките и надминување на пандемијата  Политичарите не делат нас и внатре во Синодот на наши и ваши. Ако во манастирот Јован Бигорски за Велигден и Струга со литијата се направени грешки штом не седнале цивилните власти и владиците да се договорат претходно, не треба понатаму така да се продолжи со тој однос – вели Владиката Петар во емисијата  „Стадион” на Радио Канал 77.

Според митрополитот Преспанско Пелагониски раздавањето за Задушница на гробишта е погрешно, Раздавањето за покој на душата на починатиот треба да биде за помош на сиромашните и немоќните, а не за гоштевање на блиските на покојниот.

Владиката Петар побара државата да помогне со плата за свештениците, кои економски исто така се силно погодени од пандемијата.

Објавено од: Viktor Gavrilov

Rate it
0%