ExYu
Fresh
Cafe
Rock
Deep House
Radio EastGate Mall
Play button

Парадокс

Во „Стадион“ на „Канал 77“ денес се дебатиташе за стечајот, најомразениот збор во македонската транзиција (видео)

today16/05/2020 28

Background

Ако се направи истражување, сигурно најупотребуваниот и најомразениот збор низ годините на транзицијата во Македонија е – стечај! Се изнагледавме и изнаслушавме за стечајни постапки, стечајни управници, стечајни судии, стечајни работници, протести на стечајци… Илјадници луѓе останаа без работа, некои тоа ги чинеше и живот. Дали тоа секаде е така? Во развиените земји стечајот, преструктуирањето трае кратко, а не и по 10-20 години. Стечајот многу често е шанса, а не, како кај нас, сигурна смрт на деловниот субјект. Има ли позинтитвни примери во Македонија? Дали конечно создадовме соодветни законски норми? Што вели најновата европска регулатива и кога ќе се имплеметира кај нас? Како влијае корона-пандемијата врз стечајните постапки и кога ќе бидат отворени судовите за стечајните рочишта?

На оваа тема се расправаше во денешната емисија „Стадион“ на „Канал 77“ во рамките на серијалот „Парадокс“. Гости беа Дејан Костовски, правен консултант за стечаи, Ацо Петров, претседател на Комората на стечајни управници на Македонија, Драге Јовановски, експерт за трудово право и стечајни постапки, и Лилјана Героргиевска, претседателка на Здружението на стечајни работници „Унит“. Во рамките на емисијата беше емитувана и новинарската истржувачка сторија на Весна Крстева – „Стечајните управници последни го ставаат клучот на фирмите“. Во сторијата стана збор и за случаите со некогаш познатите стечајни управници Владислав Тамбурковски, кој „заработи“ десетина кривични пријави и повеќе од десет години затворска казна, но избега во Бугарија, и за неговата колешка од Штип, Нада Цветановска, која издржа затворска казна од четири години за поткуп од 10.000 евра.

Дејан Костовски истакна дека кај нас има голем проблем во сфаќањето на стечајната постапка.

– Ниту стечајниот управник ниту стечајниот судија ја донеле фирмата во стечај. Фокусот треба да се стави на тие што создале услови фирмата да дојде до стечај. Во моментот кога ќе се отвори постапката, тогаш фокусот е во судот и кај стечајниот управник. За жал, обично друштвата не почнале навреме постапка за реорганизација или за да се спаси што може да се спаси. Во 95 отсто од предметите што сме ги виделе, органите на управување на фирмата создаваат услови друштвото да максимум да обезвредни, да остане без имот. А кога нема или останал многу малку имот, со кратки ракави останауваат и доверителите – рече Костовски.

Слично зборуваше и Ацо Петров.

– Стечајот е непопуларна, економска категорија. Сам по себе, стечајот, или банкротот како што го нарекуваат „западњаците“, значи пропаѓање на економскиот систем на една фирма, а тоа има серија негативни импликации. Тогаш се назначува стечаен управаник Тој треба да ги испрати работниците во Агенцијата за вработување. Затоа е непопуларен кај работниците. Непопуларен е и кај доверителите, затоа што фирмата е исцрпена, па тие тешко доаѓаат до своите побарувања, иако и самите претходно не биле доволно внимателни за да преземат чекори пред да дојде стечајот. А никој не прашува каде се директорите, менаџментот, управните органи и зошто дозволиле фирмата да им стигне до стечај. Каде е нивната одговорност. И кривична, и материјална, и економска – нагласи Петров.

Водителот Столе Наумов го праша дали има стечаен управник кој, откако направил анализа, поднел кривична пријава против раководители на такви фирми. Петров одговори дека тоа не е работа на стечајниот управник, кој треба да се грижи за стечајната постапка, а не да биде истражен орган, туку тоа требало да го прават надлежните органи во државата и доверителите.

Драге Јовановски нагласи дека долго време сме имале застарени закони и нестручни, некомпетентни и неодговорни стечајни судии и стечајни управници, а сега веќе нема големи стечаи, а со тоа и доволно работа за стечајните управници. Лилјана Георгиевска рече дека смета оти многу сегменти затаиле, особено стечајните управници и судовите, поради што има незавршени стечајни постапки и по 15-20 години и истакна дека борбата за стечаен надоместок на стечајните работници, кој сега го добиваат 12.000 луѓе, ќе продолжи.

Објавено од: Viktor Gavrilov

Rate it
0%