Во „Стадион“ се дебатираше за акционерските права, голготата на малцинските акционери, берзата, акциите…

Во денешната емисија „Стадион“ на „Канал 77“, во рамките на серијалот „Парадокс“, парадоксите беа побарани во акционерството, акционерските права и нивната заштита, обесправеноста на малите, малцинските акционери и нивните голготи по судските лавиринти, недоволната обученост на судовите за оваа материја. Се зборуваше и за берзата, за која македоските бизнисмени се’ уште не се доволно заинтересирани и како да се плашат од партнерски односи, споделување во управувањето и профитот, исплата на дивиденди, за ретките позитивни искуства на храбри инвеститори, за поттикнувањето на младите претприемачи, за можностите на дигиталното време…

Гости во студиото беа консултантката Љубица Рубен, професорот Самир Латиф и адвокатот Драган Лазаров, телефонски се вклучи брокерот Драган Илкоски, а беа емитувани и кратки интервјуа на водителот на емисијата Столе Наумов со Иван Штериев, директор на Македонска берза, и со професорот Горан Коевски. Беше презентирана и новинарската истражувачка сторија на Габриела Додевска на овие теми низ примерот со „Порцеланка“ и „Тето“.

– Акционерите своевремено беа колатерална штета заради стратегијата за приватизација, односно преземањето на компаниите без да се платат средства, за што како да имаше помош од сите институции во државата при што се толерираа таквите постапки. Се’ уште нема реална правна заштита на малцинските акционериа.И покрај подобрувањето на законската регулатива, практиката, за жал, покажува дека нема промени. Моделот од стартот беше погрешен, а потоа проблемите се мултиплицираа – рече Љубица Рубен.

Македонија пред три децении прејде од еден во друг систем неподготвена и во политичка и во економска смисла. Со почната полуприватизација од времето на Анте Марковиќ, за набрзо потоа да добиеме околу 300.000 акционери, од кои сега останаа 66.000.

– Капиталот мораше на некој начин да се пренесе. Се пренесе на 300.000 акционери, кои главно беа и вработени. За жал, тие, а и сите сегменти во општеството, не беа едуцирани. Работниците, односно акционерите, не одеа на акционерски собранија, се жалеа дека директорите крадат, ги притискаат, а и штрајкуваа поради такви работи, иако како акционери можеа да ги сменат. Тогаш немаше ни берза, па трансакциите се одвиваа онака како што се одвиваа – истакна Самир Латиф.

Брокерот Драган Илкоски нагласи дека некои компании сега имале подобро корпоративно управување и поголема транспарентност.

– Сепак, повеќето компании се’ уште не ја сфаќаат предноста да бидат котирани на берза. Иако тоа може да биде и добра реклама за нив, како да се плашат од транспарентноста – рече Илкоски.

Учесниците во емисијата истакнаа дека е неопходна многу поголема едукација за оваа материја и на граѓаните, и на бизнисмените, и на судиите… Адвокатот Драган Лазаров, како и професорот Латиф, се заложи за отворање посебни трговски судии, за често да не се случува предмети за акционерски права, за хартии од вредност на големи суми и слично, да ги водат неупатени судии што инаку судат за бракоразводни постапки, разграничувања ниви…


Во етер
Наслов
Изведувач

Background
mk Macedonian
X