При гостувањето на Драган Томовски во „Стадион Парадок“ зборуваше за Обединети за фудбалот кои преку нивното граѓанско здружение ја запознале јавноста за тоа како функционира Фудбалската Федерација на Македонија.
„Фудбалот е еден од ретките спортови кој е профитабилен, зборам за профитаблност на фудбалот во неговата легална работа, а не зборувам за профитабилност како што ја сфаќаат некои нови сопственици на клубови, кои што профитабилноста ја гледаат во некои други работи кои се надвор од законот особено, кладинлниците“, вели Драган Томовски, долгогодишен спортски работник.
Тој смета дека за добар фудбал кај нас она што недостасува е инфраструктурата и менаџментот, а квалитетот на работата на Фудбалските Федерации, покажуваат резултатите на клубовите.
Томовски раскажува дека како граѓанско здружение „Обединети за фудбалот“ испратиле прашања до ФФМ кога тогаш на чело на федерацијата беше поранешниот претседател Илчо Ѓоргиоски, и на само неколку добиле одговор.
„Посетата во Македонија, паѓа вртоглаво“ стои во извештајот на УЕФА, вели Томовски. Тоа значи дека 15% е падната од претходната сезона. Во изештајот стои и дека ФФМ се фали, а УЕФА ги демантира, што значи пак сме на дното со еден стадиот во однос на другите фудбалски федерации и во однос на реализирање на програмите. Односно кога ќе се зварши еден прокет, може да се добие нов прокет од УЕФА.
Додека во пола Европа приходите растат, во Македонија е тешка рецесија во однос на приходите во фудбалот, вели Томовски потенцирајќи точки од извештајот на УЕФА.
Објавено од: Viktor Gavrilov
Драган Томовски Парадок Стадион