ExYu
Fresh
Cafe
Rock
Deep House
Radio EastGate Mall
Play button

Зголемена локална транспарентност

Живот без вода за пиење и во зима

today28/12/2018 112

Background

Старите селски водоводи во неколку делчевски села кои се дотраени и градени со средства од жителите уште пред 50 години, им создаваат главоболка и на жителите, но и на општината. Наместо редовно снабдување со вода, околу 2000 жители од делчевските села Ѕвегор, Чифлик, Вирче, но и неколку маали од селото Нов Истевник, и во лето и во зима имаат проблем со вода за пиење. Па, оваа ситуација, и денес во 21-от век, го отвора прашањето како да се дојде до чиста вода за пиење.

И во новата 2017 година, 20-ината жители од делчевски Чифлик влегоа без вода за пиење и со замрзнати цевки. Револтот кај последните жители на иселеното село е голем, бидејќи очекувале реализација на големите предизборни ветувања  од локалната власт. Марјан Трајанов жител на Чифлик вели дека замрзнатите цевки, но и заматената вода што понекогаш дотекува низ цевките им создава голем проблем и з алуѓето и за стоката која ја чуваат.

-Ни ветија пред изборите дека ќе е се во ред. Они искараја горе екипа дека ќе ја оправат водата и ништо од тоа, замрзна ни водата,и не лажат вчера ни искара една цистерна вода, сега една инспекција да дојде ќе го забрани водоводот, рече Трајанов.

Матна вода тече низ чешмите

За нив е неразбрливо како може да се дозволи во 21 век, тие да имаат и матна вода низ цевките од селскиот водовод, па последните селани од Чифлик, село кое е само 1,5 км оддалечено од Делчево, бараат да им се реши проблемот со водоснабдувањето, затоа што тие не сакаат да го напуштат родното огниште, каде чуваат стока и живеат од земјоделие.

-Тоа што нема вода, тоа е опасна работа. Ни ветија дека горе ќе се направи. Ние си имаме вода, само да го појачаат и да го исчистат, не бараме друго, ни цевки ни ништо. Вчера пожарното ни донесе  една цистерна вода, втората не можеше да се искачи, истакна Сашо Ѓеоргиев, жител на селото.

Ова е само една слика во која се отсликува проблемот со селските водоводи во општина Делчево, градени од самите жители пред повеќе од 4 децении, но досега во нив не е вложено ниту денар за реконструкција, ниту за одржување.

Жителите на Ѕвегор бараат од општината да инвестира во водоводната инсталација

Жителите на делчевското село Ѕвегор кое е едно од најголемите во Пијанец со околу 1000 жители, сами го граделе водоводот во 70-тите години. Оттогаш во него се нема ништо инвестирано, па се јавува недостиг на вода и во летниот и во зимниот период. Но, често водата која дотекува не ечиста се жалат жителите.

-Имаше иницијатива од општината да се преземе водоводот, ноние сакаме да се инвестира во него, да се обнови инсталацијата, да се реконструира водводната мрежа, бидејќи има уште азбестно- цементни цевки. Потребно е и да се доизгради водводната мрежа да се направи уште еден резервоар за вода, бидеќи селото е сега двојно поголемо од пред 40-ина години. А, не само да го преземе  водводот ЈПКД „Бергалница“ и да си наплаќа, туку нешто да се направи, велат жители на селото.

Општина Делчево нема пари за реконструкција на селските водоводи

Од Општина Делчево информираат дека овие проблеми се наталожени со години. Тие имале неколку иницијативи за преземање на овие водводи, но се уште се бара решение за надминување на состојбата која поради финансиската состоба на општината, не можела веднаш да се реши.

Меѓутоа, сега пензионираниот раководител на Општинскиот инспекторат во Општина Делчево, Крум Николовски , предупредува дека старите селски водоводи не само што ќе се распаднат туку и можат да бидат и извор на зараза доколку наскоро не се реши овој проблем.

-Проблемот е што нашиот човек нема осет на приватна и заедничка сосптвеност . Со нив не стопанисува ЈПКД „Брегалница“,па,  еден ден тој водовод ќе се распадне, бидејќи  40 години не се врши поправка, а водата може многу лесно да се загади. Општината има вина, бидејќи и согласно законите, таа  е должна да ги преземе водводите на управување и одржување, рече Николовски.

Општината задложена со закон да обезбеди вода за пиење

Согласно со Законот за води и Законот за снабдување со вода за пиење и одведување отпадни води, општината е должна да ги преземе водводите на управување и одржување. Во Делчево засега е неизвесно, кога ќе се преземат мерки за решавање на проблемот со водата за пиење во дел од селските населби во општината.

Македонија со Обединетите нации  во октомври 2016 година потпиша новата петгодишна страгегија „Партнерство за одржлив развој”. Стратегијата се базира на агендата „2030-та – Иднината што ја сакаме“ која содржи 17 цели за одржлив развој. Една од целите е обезбедување на пристап до чиста вода за пиење.

Подготовката на овој материјал беше овозможена со поддршка од Британската амбасада во Македонија, во рамките на проектот Зголемена локална транспарентност и отчетност преку квалитетни медиумски содржини. Мислењата и ставовите во овој материјал не секогаш ги одразуваат  мислењата и ставовите на Британската амбасада во Македонија. 

Објавено од: Viktor Gavrilov

Rate it
0%