ExYu
Fresh
Cafe
Rock
Radio EastGate Mall
Play button

Парадокс

Кој е помоќен – верските заедници или државата гледаме низ пикот на заразата

today05/06/2020 5

Background

Над 20.000 граѓани во четвртокот, користејќи ги последните часови слободно движење, пред стапувањето во сила на полицискиот час, успееја да го напуштат Скопје и другите градови, при тоа создавајќи колони кон Охрид и другите туристички места. Пропадна владината идејата за оживување на полицискиот час да се спречи ширењето на короната преку ограничување на слободата на движењето. Владата со оваа одлука, само си го навлече бесот на праволавните христијани, кои на Задушница, денот, кога масовно заминуваат на гробовите на своите најблиски, завршија со забрана за посета на гробиштата. Разногласие има и во редовите на МПЦ. Најилустративен е коментарот на владиката Петар на официјалната изјава од неговиот колега и портпарол на МПЦ, владиката Тимотеј, кога кажа дека треба да се почитуваат владините мерки.

Се чини, работите излегоа од контрола најнапред со струшката литија и масовното присуство на верниците, кои и покрај забраната за собирање повеќе од двајца. На ова ИВЗ одговори со отворање на џамиите. Фотографиите од масовните ифтарски вечери ги преплавија социјалните мрежи. Немаше реакција од институциите, но затоа почна пикот на короната. Скопје, а потоа и Тетово, а во поново време и Липково, остануваат на врвот по број на заболени. Само неколку дена претходно, разрешениот реис Сулејман Реџепи, ја прогласи короната за мртва.

Верските заедници, не остнаа на очекуваното ниво на однесување, смета Бранко Ѓорѓевски, познавач на верските прашања. Тој вели дека серијата неконзистентни постапки, внесоа тензии во општеството.

-Проблем излегоа масовните собири, кои верските заедници лошо ги менаџираа, а за кои тие имаат најголема одговорност. Верските заедници и МПЦ и ИВЗ мораше многу повеќе да бидат одговорни, но за жал, не успееја во тоа. Со самото тоа, се наметнува впечатокот дека тие се помоќни од државата, кажа Ѓорѓевски.

Додека верските заедници си ги покажуваа мускулите, политичарите калкулираа. Вицепремиерот Бујар Османи, функионер од албанскиот владин партнер ДУИ, во Струга, откако сред изјава со некоја секунда го исчека да отпее оџата, и’ порача на јавноста да не ги осудува верниците.

– Верниците не се криминалци, нивната потреба за враќање на врската со верата не е криминал. Државата е должна да изготви сет мерки, а верските заедници да ги почитуваат. Можеби требало подобра координација на верските заедници со државата во време кога беа носени одредени одлуки, но реалноста сега е таква, одлуката е донесена како да се адаптираме на оваа ситуација. Моја должност е да бидам во блиска соработка со сите верски заедници, за да може да го штитиме здравјето на луѓето во текот на верските обреди“, рече Османи.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ и сега пред Задушница кажа дека останува на ставот дека на верниците требаше да им се дозволи да си ги празнуваат празниците.

-ВМРО ДПМНЕ има принципелен став, иако имавме став дека се многу рестриктивни мерки, повикав на почитување, рече Мицкоски.

Потпретседателот на СДСМ, Муахемд Зекири, вината ја најде во челниците на верските заедници, кои според него, ги водат недоговорни луѓе, а државата потклекна пред верските заедници.

-Не смее да има двојни аршини. Грешката се направи кога се дозволи да се отворат џамиите, а пред тоа имаше литија. Откако тоа се дозволи, веќе ништо немаше смисла, изјави Зекири.

На крај од сите овие ставови и размислување, прашан од новинарите дали државата им удоволи на верските заедници, техничкипиот премиер им порача на сите:

-Нема посилен никој од државата. Дражавата е таа која ги носи одлуките и усправува со системот во вакви ситуации, изјави Спасовски.

Активистиката за човекови права, Мирјана Најчевски, вели дека ниедна власт не покажа знаење за човековите права и вистинската важност на зборот – дека законот важи за сите.

-Се’ додека не почнеме да ригидно да го почтиуваме принципот на еднакво важење на законите за сите, не можеме да очекуваме почитување на законите. Вториот проблем е кокетирањето пред избори на политичките партии со верските заедници, смета Најчевска.

Кој е помоќен – државата или верските заедници? Кој треба да сноси одговорност: Религиските заедници секако би требале да сносат морална одговорност во секоја криза, како и секоја друга општествена институција. Нивните пастви или џемати не се изолирани од севкупните состојби и како такви не се изолирани ниту од последиците или разрешниците на кризните ситуации. Но од административен аспект, тие немаат директна формално-правна обврска кон начинот на кој се менаџира кризата, смета Арсим Зеколи. Тој смета дека таквата подвоеност помеѓу моралната верска и административната религијска одговорност на верските заедници ја отсликува и световната поделба помеѓу формално-правната одговорност на државата и моралната одговорност на општеството. Во обата случаи, кога административната одговорност на религијата или државата е компромитирана, неминовно следува хаотично поведение проследено со демагогија.

-Разочарувањето на голем број искрени верници во компромитирачките поведенија на религијсите заедници кое се случува со децении го има ослабено нивниот морален авторитет кај искрените верници, но затоа има дадено крилја на подемот на религијска демагогија и манипуланство. Но и оваа состојба со пандемијата кај нас прецизно укажува дека огромниот број верници сепак демонстрираат јасна верничка одговорност кон општеството, кон “ближниот свој”, кон семејството. Што не сум убеден дека може да се каже и за бирократските администрации на МПЦ и ИВЗ и парадерското религиство на оние следбеници кои кон нив повеќе се однесуваат како кон пагански иконокластични патријарх-реисни култови отколку кон морални авторитети на скромноста, пожртвуваноста и побожноста како што е одредено во светите книги, вели Зеколи.

Глас на разумот од името на верата е човекот кој дојде на местото на Реџепи, кој прогласи победа над короната. В.Д реисот, Шакир Ефенди Фетаху упати апел до сите граѓани, да бидат внимателни, бидејќи станува збор за опасна болест.

-Нема игра со оваа облест, оваа е заразна болест, ова е тешка болест, ние треба да бидеме во служба на елиминирање на оваа тешка состојба. Нашата значи во исто време зачувување на нашите деца, нашите семејства и нашето општество. Затоа ние дадовме апел, дека не е надмината оваа состојба и треба да бидеме уште посериозни, вели Ефенди Фетаху.

Испразнети градови, исправена крива на ковид 19, некои ќе речат споен прв и втор бран на епидемија. Во недела ќе повторат колоните, ама во обратен правец. Резултатот од поведението, настрана дилемата кој е посилен – верата или државата, ќе го видиме наскоро, низ бројките на новозаболените.

Објавено од: Viktor Gavrilov

Rate it
0%