ExYu
Fresh
Cafe
Rock
Radio EastGate Mall
Play button

Парадокс

Мицевски, Николов, Бишевац и Богојевски на предизборна дебата во „Стадион“ (видео)

today13/06/2020 29

Background
Според Никола Мицевски од Вмро- Дпмне еднаш распишаните избори се поминати и се завршена работа. Собранискиот спикер Талат Џафери треба да распише нови избори согласно Уставот и законите тогаш кога ќе ствивне пандемијата и ќе се создадат услови граѓаните безбедно и слободно да гласаат.
Кандидатот за пратеник на СДСМ , кардиологот Сашко Николов вели дека Мицкоски и Вмро Дпмне не знаат што сакаат. Се против избори во јули, но не кажуваат конкретен став и датум кога би се одржале, дали до декември кога е крајниот рок или кога ќе заврши пандемијата со коронавирусот, А тоа сигурно нема да се случи во наредните две-три години.
Сафет Бишевац, кандидат за пратеник на листата на ВМРО ДПМНЕ вели дека чесно, искрено и принципиелно настапува во политиката. Незадоволен од лагите и неостварените ветувања на Заев ќе се бори за одговорност на сите политички чинители и дека тој со ваквиот потег не го амнестира Никола Груевски, туку тоа го сторил лидерот на СДСМ, кој како премиер дозволил поранешниот
претседател на Вмро- Дпмне да побегне во Будимпешта.
За лидерот на Македонски концепт двете најголеми партии глумат конфликт, а всушност вешто се договараат за да ја спречат вољата на граѓаните да ги казни виновниците за досегашната македонска трагедија и да си продолжат да владејат во стилот на Мурто и Курто.

Објавено од: Viktor Gavrilov

Rate it
0%