Инспекцискиот совет има надлежност да ја следи работата на државните инспекторати. Од 28 инспекциски служи кои се под надлежност на Инспекцискиот совет сите си ја работат својата работа, 6 инспекцикси служби сега се директно засегнати дали ги почитуваат препораките на Владата и тие се постојано на терен, вели Магдалена Филиповска Грашкоска, претседател на Инспекцискиот совет при гостувањето во емсијата „Стадион“ на Канал 77 на тема „Дали самостојноста на инспекторите може да биде злоупотребена, да доведе до корупција и да заврши на суд?!“.
Таа потенцира дека за време на вонредната состојба имало доста пријави посебно за цитрусните овошја, како и за зголемената цена на заштитна опрема маски, ракавици и дезинфекциски средства. На почетокот од воведување од мерките, имало и пријави на вработени кои имаат деца помали од 10 години, хронично болни и бремени жени, а не го искористиле правото да седат дома.
Новиот закон за инспекциски надзор, кој почна да се применува во декември 2019 година, предвидува нови начини на планирање на надзорите по укажување на ЕУ. Почна да се постапува по степен на ризик, почесто да се планираат надзори или кај фирма кај која се почесто се констатирале прекршоци, вели Филиповска Грашкоска.
Чек-листи, нови вработување во инспекциските служби, платата на сметка на степенот на ризик, додаток на плата на инспекторите по 10% во текот на три години, се само дел од новиот закон за инспекциски надзор.
„Најголема новина која се подготвува да се воведе е софтвер за вршење на инспекциски надзор, дигитализација на инспекцискиот надзор, да се сведе на минимум човечкиот фактор со што би се намалила и корупцијата“, потенцира претседателката на Инспекцискиот совет.
Таа додева дека зголемен е бројот на пријави, но тие не секогаш се основани, не завршена работа па некој осветнички настапува има и такви пријави, но и пријави кога станува збор за неинфомрираност. Има и основани по кои постапувале.
„Има примери кога му е утврдена дисциплинска одговорност на инспектор, и му е одеземена лиценнцата предизвикува и престанок на работен однос“, потенцира Филиповска Грашкоска и додава дека со новиот закон предвидена е палета на мерки.
Таа вели дека имало и пријави против инспектори кои завршувале со судска пресуда против инспектор но и кога не завршувале со судска пресуда.
Во однос на тоа како да се засили интегритетот, Мгадалена Филиповка Грашкоска вели дека постои едно видување, а тоа е да се зголеми платата на инспекторите, но таа не се сложува со тоа, затоа што смета дека тоа е еден дел од активностите и мерките кои треба да се преземат, тука се и обуките за меки вештини како да се справуваат во стресни ситуации и под притисок, етички кодекс како да се оденесуваат.
Објавено од: Viktor Gavrilov
инспектори инспекциски Инспекциски совет Магдалена Филиповска Грашкоска надзор Парадокс претседател Стадион