Главна интенција на ЈП „Национални шуми“ во наредниот период ќе биде пошумувањето, односно пошумување на сите деградирани земјишта кои можат да предизвикаат катастрофи, изјави Маре Басова,помошник директор во ЈП Национални шуми во емисијата „Стадион“ на Канал 77 заедно со „Парадокс“ на „Дивата сеча на шумите, коруптивни зделки за личен профит“.
ЈП „Национални шуми“ производството на дрва маса ја извршува со сопствени работници, со сезонски извршители на определно време и со надворешни извршители односно со економски оператори.
„ 25 отсто од производниот процес е со сопствени работници, а околу 75 отсто со надворешни извршители“, изјави помошник директорот на ЈП „Национални шуми“, Маре Басова.
ЈП „Национални шуми“ склучува договори со економски оператори, тие договори се следат со динамика на извршување на работите, сите други активности спроведување на сечата, дотурот, превозот се следи од надлежни служби на ЈП „Национални шуми“, меѓутоа сите нагативни дејанија се следат и од другите надлежни институции, досега како што вели Басова немало некои поголеми нарушувања или забелешки од надлежните институции.
„За време на корона, во првото тромесечие не покажува некое поголемо раздвижување во делот на шумите , но во комуникација со шумската полиција во овој период кога имаме изолација бројот на дивата сеча е поголем, изјави Маре Басова, помошник директор во ЈП Национални шуми за „Стадион“ на Канл 77.
Таа вели дека во 2019 година исечени биле 12.540 метри кубни, и направена е штета од околу 10 милиони. А податокот од 2014 до 2019 година направена е штета од околу 23 милиони денари.
Објавено од: Viktor Gavrilov
ЈП Национални шуми Маре Басова Парадокс Стадион