Наталија Славева пее за љубовна приказна со среќен крај

Љубовта како движечка сила и мотивација, е во фокусот на „Непобедливи“ – новата песна на пејачката Наталија Славева. Како продуцент на оваа поп балада се потпишува Иле Спасев, а Славева е ко-автор на текстот.

„Понесена од убавите моменти и емоции кои што ги има во една врска сакав да направам песна во која што се опеваат тие чувства, на сигурност, посветеност и удобност кога си сакан и сакаш. Со тимот со кој што работевме на песната се потрудивме да ги прикажеме тие емоции и во изведбата и во видеото. Се надевам дека сите заљубени ќе се пронајдат во неа, а и публиката која што се уште ја нема најдено својата сродна душа.“ – вели Славева за Канал 77.

Ова е десетта песна на Наталија Славева, која по пауза од пет години, минатата година се врати на домашната музичка сцена, со настапот на Макфест со баладата Штом љубовта исчезне.


Продолжи со читањето

Во етер
Наслов
Изведувач

Background