ExYu
Fresh
Cafe
Rock
Deep House
Radio EastGate Mall
Play button

Ценовник

  • Продажба на што е можно повеќе производи или услуги.
  • Позиционирање во однос на конкуренцијата.
  • Подигнување на свеста за вашата понуда.
  • Претставувате нов производ на кој вашите клиенти не се навикнати?

Имаме преку 400.000 слушатели неделно, кои ги држиме како капка вода на дланка. Вашите пораки, без разлика дали се во форма на радио спот, спонзорство, наградна игра или промоција, ги третираме како содржина. Со форматирање на часовникот, создадовме оптимален распоред на пораките така што каков формат за рекламирање и да изберете, вашата порака ќе стигне до публиката. Во зависност од вашите потреби, можеме да ви понудиме различни опции за соработка:

Спотови

Класичен начин на рекламирање. Функционира за да предизвика купување (продажба) или да ја подигне свеста за некој производ. Креативноста е многу важна. Квалитетен спот значи многу. Привлечен спот, ориоригинален и лесен за паметење, вреди половина од кампањата. Покрај продажбата на реклами, нашиот креативен тим со задоволство ќе ви помогне да креирате сопствен радио спот..

Планирање во текот на денот/неделата

Нашиот искусен тим со помош на паметно софтверско решение ќе ви помогне да ја оптимизирате вашата кампања за вашата порака да достигне максимален број слушатели.

Специјално позиционирање

Во зависност од барањата, вашите спотови може да се позиционираат како први/последни во блокот.

Спонзорства

Со спонзорирање на шоу, го врзувате вашиот бренд на подолг период за одреден дел од денот и одреден водител. Спонзорствата обично се закупуваат за период од еден месец или повеќе. Ова значи дека за тоа време, секогаш кога слушателот ќе го вклучи Канал 77, тој дефинитивно ќе ја слушне вашата порака во тој временски простор.

Ние го интегрираме вашиот бренд/производ/услуга со одредена емисија или како дел од Канал 77. Ова вклучува спомнување на вашиот бренд до името на водителот или шоуто, поврзување со дел од денот или комбинација од нив во зависност од содржината. Во понудата на секое спонзорство се и спотови кои се емитуваат 4 пати во текот на емисијата во точно одбрани термини. Спонзорствата обично се закупуваатмза период од 1 месец или повеќе.

Може да ги понудиме следниве спонзорства:

  • Временска прогноза

  • Сообраќаен сервис

  • Дневен Хороскоп

  • Во Меѓувреме со Мирко

  • Утрински Квиз

  • 3 работи што вчера не ги знаеше а денес ќе ги знаеш

  • New Music Friday

  • Артист на неделата

  • Спорт Репорт

  • 3 работи што вчера не ги знаеше, а денес ќе ги знаеш

  • Утринско Шоу со Христина и Мирко

  • Работно време со Горан

  • Попладне со Анѓела

  • Вечер со Јелена

20 минутна гаранција!

Ова е единствена карактеристика на Канал 77. За време на времетраењето на спонзорството, вашата порака се појавува минимум три пати на час од шоуто што го спонзорирате. На почетокот на секој рекламен блок е вашата порака. Покрај тоа, вашата рекламна порака од 15 секунди е на врвот на часот. Сето ова ве прави неизбежни во етерот.

Интеракција со слушателите

Спонзорите имаат предности за закуп на разни наградни игри и други форми на интеракција со слушателите. Интеракцијата не мора нужно да биде наградна игра, ниту пак да биде некоја специјана награда. Овде, сè најмногу зависи од вашиот бриф. Која е вашата цел? Покрај можноста за учество во наградни игри кои се составен дел од емисиите, даваме и креативни предлози за интеракции со слушателите според вашите барања.

Профитабилност

Најдобро за последно – спонзорства. Бидејќи се работи за долгорочна соработка, спонзорствата се една од најпрофитабилните инвестиции во етерот на Канал 77 радио. Односот вредност/инвестиција ги прави наш втор најбаран производ.

Промоции >

Лаички кажано, големи наградни игри. Покомплицирано објаснување е – кога радиото и клиентот се здружуваат за да направат нешто големо заедно на радиобрановите што создава talkabout и ги активира слушателите.

Во зависност од вашиот бриф, ние создаваме концепти. Голема промоција значи дека вашата порака е во програмата двапати на секој час. Еднаш во говорот на водителот, вториот пат на крајот на промото место како рекламна порака од 15 секунди. Ако ви значи нешто, за време на една промоција, зборуваме за 800 до 1300 спомнувања на вашиот бренд на национално радио со над 400.000 слушатели неделно. Тоа е многу. И тоа функционира.

Траат од 2 до 8 недели, вклучуваат висока фреквенција на повторување на вашата порака, интеграција на брендот со целата радио програма. Нашиот креативен тим работи заедно со вас на развој на концепт и имплементација во етерот.

ДА ако сакате да се издвоите од конкуренцијата

ДА доколку ви треба подолга кампања по супер прифатлива цена

ДА ако сакате да бидете интегрирани во програмата

ДА ако треба да слушнете за производот/услугата

Контактирајте не нa :

032/397-707, локал 214

marketing@kanal77.com.mk

0%