ExYu
Fresh
Cafe
Radio EastGate Mall
Play button

Kanal 77

477 Results / Page 31 of 53

Зголемена локална транспарентност

Решенија со поминат рок за жалба ја полнат државната каса

Одбиените земјоделци, кои бараат директна помош од државата, позната како субвенции, се жалат дека решенијата со кои се одбиени, ги добиваат со задоцнување и со поминат рок за покренување постапка. Земјоделските здруженија пак тврдат дека земјоделците немаат ни пари ни време да покренуваат судска постапка преку која ќе ги добијат парите што законски им следуваат. Институциите објаснуваат дека земјоделците може да ги остварат своите права само треба да бидат поупорни. „Се одбива барањето за финансиска поддршка од Програмата за финансиска […]

today28/12/2018 157

Зголемена локална транспарентност

Офицерски дом срамот на Битола

Офицерски дом во Битола е срам за Градот на конзулите. Сјајот и раскошот на некогашниот гламурозен објект се заменија со крш и пустош, а убавината стана грдото лице на градот. Ова е сликата за Офицерскиот дом во Битола после повеќе од еден век од  неговата изградба. Најубавиот архитектонски бисер на Широк сокак e целосно запуштен и претворен во руина, во исто време буди чувство на сожалување, но и гнев кај минувачите. Од Офицерскиот денес не остана многу, ниту од  раскошната фасада, […]

today28/12/2018 101

Зголемена локална транспарентност

Живот без вода за пиење и во зима

Старите селски водоводи во неколку делчевски села кои се дотраени и градени со средства од жителите уште пред 50 години, им создаваат главоболка и на жителите, но и на општината. Наместо редовно снабдување со вода, околу 2000 жители од делчевските села Ѕвегор, Чифлик, Вирче, но и неколку маали од селото Нов Истевник, и во лето и во зима имаат проблем со вода за пиење. Па, оваа ситуација, и денес во 21-от век, го отвора прашањето како да се дојде до […]

today28/12/2018 68

Зголемена локална транспарентност

Нова блокада и бојкот на настава во најава

Бојкот на настава и блокада на општината, е една од најавите на учениците Македонци од Тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ пред почетокот на второто полугодите. Учениците и родителите бараат Општината Тетово да овозможи нормален образовен процес. Петнаесет години трае голготата со просторниот проблем, кој го имаат професорите и учениците од ова средно училиште со традиција да произведува  високо едуциран  кадар за понатамошно високо образование. Во конфликтот  2001-та од безбедносни причини, учениците Македонци ја напуштија матичната зграда на Гимназијата и наставата ја […]

today28/12/2018 38

Зголемена локална транспарентност

Охрид останува град на УНЕСКО

На седницата во јули, УНЕСКО нема да му го одземе статусот на заштитен град. Но, тоа не значи дека на следната седница на Комитетот на оваа светска организација нема регионот да биде стане на листата на загрозени подрачја. Тоа пред се’ зависи од македонските власти дали ќе ги прифатат препораките од јуни минатата година на УНЕСКО и ќе променат нешто во своите планови за реализација на повеќе инфраструктурни проети. Охриѓани и екологистите веќе подолго време предупредуваат дека поради  неконтролираната градба […]

today28/12/2018 48

Зголемена локална транспарентност

Туристички Дојран – град без јавен превоз

Туристички Дојран има дирекна автобуска линија само до три градови во државата, а такси превозот е луксуз- ако се најде. Граѓаните се жалат дека одењето до поголемиот град Струмица на преглед во болница,  ги чини минимум 1000 денари. Општината Стар Дојран одговорноста ја префрла на државата. Секое утро е нова борба, а за дојранци во дневната борба за преживувачка е пресметана и потребата од редовни автобуски линии кои би им овозможиле пристојно да си ги остварат здравствените, економските, работничките, образовните […]

today28/12/2018 64

Зголемена локална транспарентност

Институциите ги заборавија планинарските домови

Шар Планина стара колку и приказната за неа. Природно подготвена да ги прими сите кои доаѓаат да ја видат. Меѓутоа, наспроти подготвеноста на планината,човекот не создал услови. На Шар Плнина, има само три планинарски дома, кои се сам делумно подготвени да ги примат оние кои сакаат да си ја одморат својата планинарска снага. И покрај тоа што алтернативните спортови се во подем, сепак како да не сме подготвени да ги прифатиме сите странци добронамерници кои решиле да ја„ истражат Македонија„. […]

today28/12/2018 118

Зголемена локална транспарентност

Штип – Со Ад-хок мерки не се решава сообраќајниот хаос

Центарот на Штип, се гуши во сообраќаен хаос. Во шпицовите, од Штипско Ново Село до Траговскиот центар се патува повеќе од дваесетина минути. Сообраќајот моментално во попладневните часови е голем хаос.Преоптоварени се улиците, има премногу сообраќај, премногу коли. .. Гужва ,градот  ни е пренатрупан со многу со возила.Има и многу возила од страна што доаѓаат, студентски град сме… Најголемиот шпиц е од 7 до 7.30 часот претпладне и од 14 до 15.30. Не по десет, дури и по 15 минути,може да се […]

today28/12/2018 12

Зголемена локална транспарентност

Како се прави популистички буџет?

Од буџетот на Општината Штип, каде се прибираат граѓанските пари, и во 2017 година најмногу ќе се троши за реконструкција на улици. Од 15 милиони евра од буџетот,  43 отсто од парите предвидени за капитални инвестиции, ќе одат за улици. Ова ги предизвика граѓаните на реакција, кои  во мал број, главно како претставници на урабните заедници, присуствуваа на јавната расправа за буџетот, што ја закажа општината. Дали општинската проекција на буџетот ги следи граѓанските потреби ? Подготви Весна Коловска. Васко […]

today28/12/2018 36

0%