Верските собири, политиката и коронавирусот – тема во „Стадион“ на „Канал 77“: Кој е помоќен – државата или верските заедници?
Додека десетици илјади луѓе во четвртокот слободно излегоа од Скопје, а и неколкуте други градови што се во 80-часовен полициски час, Владата го навлече револтот на православните верници поради забраната за посета на гробиштата на Задушница. Проблемот со верските празници и мерките против коронавирусот почна уште со карантинот за Велигден, па со струшката литија, потоа со отворањето на џамиите од страна на ИВЗ, Рамазан Бајрам… Иако доскорешниот реис Сулејман Реџепи го прогласи коронавирусот за „умрен“, Македонија во последните денови урива […]