ExYu
Fresh
Cafe
Rock
Deep House
Radio EastGate Mall
Play button

Стадион

139 Results / Page 5 of 16

Парадокс

Издавале лажни инвалидски пензии за суми до 3.500 евра по човек

Пишува: Саше Димовски Најмалку 77 граѓани од десетина градови во Македонија останале без своите инвалидски пензии и морале на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да му вратат илјадници евра, бидејќи со парите, како што утврдиле кривичниот и граѓанскиот суд, се стекнале без основ. Граѓаните пред судовите тврделе дека не знаеле или не можеле да знаат дека нивните пензии се одобрени незаконски, за што биле осудени повеќе вработени во Фондот за ПИОМ, но судиите не ги прифаќале ваквите тврдења, повикувајќи […]

today21/05/2020 123

Парадокс

Во „Стадион“ на „Канал 77“ денес се дебатиташе за стечајот, најомразениот збор во македонската транзиција (видео)

Ако се направи истражување, сигурно најупотребуваниот и најомразениот збор низ годините на транзицијата во Македонија е – стечај! Се изнагледавме и изнаслушавме за стечајни постапки, стечајни управници, стечајни судии, стечајни работници, протести на стечајци… Илјадници луѓе останаа без работа, некои тоа ги чинеше и живот. Дали тоа секаде е така? Во развиените земји стечајот, преструктуирањето трае кратко, а не и по 10-20 години. Стечајот многу често е шанса, а не, како кај нас, сигурна смрт на деловниот субјект. Има ли […]

today16/05/2020 27

Парадокс

Драге Јованоски: Главен проблем се нестручните стечајни судии и управници (видео)

Драге Јованоски, експерт за трудово право и стечајни постапки, вели дека поради лошо работење фирмата влегува во загуба, па во стечај. – Проблемот е  неусогласеноста на нашите закони со условите на работење на фирмите и отварање на стечај. Нашите закони доста заостануваат и сеуште се однесуваат на поранешните стотина загубари, а сега имаме осумдесетина илјади регистрирнаи фирми кои треба некој да ги следи и да повикува на одговорност. Досега никој не одговарал од директорите за загуби и неуспешно ракководење, во […]

today16/05/2020 150

Парадокс

Петров: Директорите ги упропастија фирмите, не стечаните управници (видео)

Претседателот на Комората на стечајни управници Ацо Петров не бега од одговорноста на стечајните управници, за што има и затворски казни и одземени и необновени лиценци, но прашува што може да направат  управниците со целосно уништен деловен субјект доведен до просјачки стап, без имот и стечајна маса. – Стечајот треба да биде шанса за реорганизација и реобновување на биснисот. Со тоа ќе бидат задоволни и работниците и доверителите. Но што може да направиме ние ако директорите и сопствениците намерно ја […]

today16/05/2020 536

Парадокс

Георгиевска: Стечаите се водеа во спрега меѓу стечајните управници и судии (видео)

Поради незаконитости во работењето и водењето на стечајните постапки и катастрофални пропусти на стечајните управници, многу работници останаа со непризнаен стаж и до десетина години, вели  претседателката на Здружението на стечајни работници УНИТ Љиљана Георгиевски , во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77 Георгиевска не беше опфатена со ниту еден од законите за обесштетување на стечајните работници кои што произлегоа од државните фирми, бидејќи поради непризнат стаж  не ги исполнувала условите.Таа во емисијата кажа дека моментално е вработена во Агенцијата […]

today16/05/2020 49

Парадокс

Костовски: Не е можен активен стечај без добри инвеститори и менаџери (видео)

– Неправедно е целата вина да се фрла на стечајните управници и стечајните судии. Каде се директорите и органите на управување кои ја упропастиле фирмата и ја довеле во стечај? Досега нема никој од нив што завршил во затвор – вели правниот консултант за стечај и поранешен стечаен судија Дејан Костовски,кој беше гостин во емисијата Стадион. Според него неопходна е итна имплементација на европските директиви и реформа на стечајната регулатива, со што ќе се подигне одговорноста на директорите, но и […]

today16/05/2020 24

Парадокс

Стечајните управници последни го ставаат клучот на фирмите

Бројните кривични пријави , па и пресуди  со затворски казни за стечајни управници се најдобра илустрација за тоа како завршија дел од стечајните постапки изминатите петнаесетина години. Професијата стечаен управник многу често беше сфаќана како алатка, со која преку една стечајна постапка, човек може да се обезбеди за цел живот.  Работите многу не се променети и денес. Доказ за ова се серијата кривични пријави, што лани во ноември МВР ги поднесе со соменевање за злоупотреба на службената положба и овластување […]

today14/05/2020 222

Парадокс

Дрвокрадците и шумската мафија беа тема во денешниот „Стадион“: Наместо да ги демотивираат, казните ги стимулираат криминалците (видео)

Дрвокрадци, шумска мафија, зелена мафија, палење шумски површини, мито и корупција при (не)легална сеча… Од бесправно сечење годишно во Македонија се печалат по најмалку 25 милиони евра. Можна ли е шумска мафија без аминување или ортаклак со институциите или поединци во нив? Колку е тарифата за замижување? Што е тоа двојно маркирање? Како (не) се штитат македонските шуми? Колку пријави, колку пресуди, казни, заплени, колку луѓе се во затвор поради таков криминал? Што работат институциите, што работи шумската полиција, дали […]

today09/05/2020 102

0%