ExYu
Fresh
Cafe
Rock
Deep House
Radio EastGate Mall
Play button

Понеделник07:0010:00
Вторник07:0010:00
Среда07:0010:00
Четврток07:0010:00
Петок07:0010:00

Утринско шоу со Христина и Никола

Кога две вакви енергетски бомби ќе се најдат на исто место, не можеш да очекуваш ништо помалку од експлозивно будење на радио во комбинација со твојата омилена музика… па и некоја шолја кафе, зошто да не!?

album-art

00:00

Христина Спирова

Кога ќе почувствуваш на своја кожа колку е потребна позитивна енергија дури и во најлошите денови, тогаш одлучуваш дека твојата мисија на Земјата е таа енергија да ја шириш за сите околу тебе. Токму тоа е и мојата мисија, потхранета од уметноста како главен драјв, насочена кон сите оние кои се несебично емотивно достапни, а понекогаш потрошена на она што не преокупира сите – сценарија во глава кои никогаш нема да се случат. Сепак би рекла дека најважно е со кое сценарио во глава ќе го завршиш денот, а за мене тоа е еуфорија за возбуливо и активно утре. Кога е време за тоа „утре“, микрофонот, моливот и решителноста се моите „partners in crime”, а ако сето тоа е придружено со совршената музика, нема нешто што може да и го расипе денот на оваа заколната црвенокоса.
                                                                                              Еј, и знаеш што!? Think less, do more!
album-art

00:00

Никола Зафиров

Утрата задолжително ми започнуваат со топло кафе и со ударна доза музика, а денот се трудам да го продолжам со фина екипа на позитивни личности околу мене. Патувањата, начинот на живот и мојата енергија не ми дозволуваат да стојам во место, жеден сум за нови знаења и успеси, па се водам од мотото” Nothing is impossible”. За тоа што ќе решам да го направам се вложувам 100%, а така ќе биде и со мојата мисија енергично да го почнувам секое следно утро со сите вас.

0%