Секој работен ден од 10 до 14 часот правиме сè за да ви го поправиме расположението! Уживајте со најдобрите хитови, освежете го денот со добра музика и бидете во позитивен ритам со Радио Канал 77 и Јелена!
Јелена Лазовска Секуловска
Замислете девојче од 5 – 6 години, со молив во рака (замислен микрофон) како стои зад врата и ѝ се обраќа на својата имагинарна публика. Тоа сум јас. Уметноста на зборувањето преку кое можеш да едуцираш, мотивираш и забавуваш некој отсекогаш ми била привлечна. Магијата да можеш да се поврзеш со луѓето без да мораш да ги гледаш е навистина нешто посебно, а тоа го може радиото – мојата пасија и прва љубов. Па ајде да се поврземе преку етерот! Се слушаме во работните денови од 10ч до 14ч.