Ајварадијада ’23 – успешна!
На 9.11.2023 ја организиравме првата Ајварадијада и успеавме да го пронајдеме најдобриот ајвар во државата! Реално покрај сите маестрални ајвар мајстори што ни испратија ајвар за дегустација, беше скоро невозможно да се донесе одлука кој е најдобриот. Сепак, ништо не е невозможно ако го имаш вистинското жири, а во донесувањето на одлуката ни помогнаа фантастичните Мартина Трајаноска и Александар Михајловски – Хонда. „Е, ова е ајвар!“, ова беа зборовите по кои сфативме дека Мартина и Александар го открија победникот во […]