Во денешното издание на емисијата „Стадион“ на радио Канал 77 гостин беше и популарниот фолк пејач Благоја Грујовски, кој рече: -Ние како здружение сме далеку од позицијата да бараме нешто, немаме правни орудија. Имавме многу јавувања од наши колеги, кои се засегнати, но за жал нашите можности се лимитирани и само можевме нивниот глас да го пренесеме. Сакавме да кажеме дека постои армија од илјади членови занемарена и запоставена. Осекогаш сме плакале перснален данок, хонорарите се исплаќаат автоматки заедно со […]
Во ситуацијата таква каква што е , тешко барем во блиска иднина ќе може концертите да се преселат во он-лај просторот, посебно тоа и да донесе заработувачка, изјави Маја Бабиќ од Асоцијацијата од ,,инвент“ индустријата , во гостувањето во емисијата ,,Стадион“ на Канал 77. https://youtu.be/Q_b4ELEALMY
Виктор Стојкоски, генерален секретар на Асоцијацијата за е-трговија, вели дека граѓаните мора да внимаваат од каде купуваат он-лајн. Многу е ризично тоа да го прават од ФБ продавачи бидејќи на ваков начин не можат да го вратат купеното ниту пак да си ги рефундираат парите. Во овие услови на пандемија, македонските компании, вели Стојкоски мора да се прилагодат на ситуацијата, зошто секој е победник ако бргу се прилагоди на ,,новата реалност“. https://youtu.be/PiZlaXVT1K0
Музичарите кои што лебот го вадат свирејќи по свадби, како и целиот сектор вклучен околу организирањето на свадби и други семејни веселби, бараат Владата да изготви и за нив протокол за работа, особено по одлуката донесена деновиве со која се забранува организирање на секаков вид на свадби и други свечености во ресторани , во и надвор од рестораните. Според Горан Тодороски, музичар и член на групата „Феникс“, кој беше гостин во емисијата Стадион на Канал 77, во овој сектор загуби […]
https://www.youtube.com/watch?v=hGd-F2sXzuU&feature=emb_title
– Сите тужат, но Македонија пат е погрешното место. Во тужбите се користи едно куче за пет сообракајќи. Имаше афера со местење записници од полицијата. Неопходни се законски измени за да профункционира вистински заштитата и одржувањето на патиштата во Македонија. Сите пари од регистрација, патарини, бензини се слеваат во ЈП за државни патишта, Македонија пат е изведувач и извршител согласно парите и програмите што ќе ни ги дадат од државни патишта, Ние предупредуваме, сигнализираме за одредени проблеми, одрони , дупки, […]
– Собираме повеќе предмети на граѓани и на фирми кои не можат да си ги наплатат своите оштетни побарувања од Македонија пат, комунални претпријатија, здравствени установи и воопшто од државата. Единствена шанса поради несоодветни законски решенија и одлуки на судот кои се во насока на заштита на државните претпријатија и институции на штета на поединци и на приватниот сектор е судот во Стразбур – вели адвокатот Костадин Богданов во емисијата „Стадион” на Радио Канал 77.