ExYu
Fresh
Cafe
Rock
Deep House
Radio EastGate Mall
Play button

Стадион

135 Results / Page 4 of 15

Парадокс

Затворската хиерархија и патот на ситната корупција

Ситната корупција може да помогне, но и да го покаже патот како да се дојде до крупната корупција. Иако таканаречената ситна корупција често се занемарува па дури и се смета за не толку важна, истата има голема улога како да се најде друга поголема коруптивна зделка направена во различни сектори од нашето опкружување. Казнено поправните домови се сметаат за „рај“ токму за таа ситна корупција. За да истата биде спроведена, потпомогната е од затворската полиција која најчесто се појавува како […]

today28/05/2020 57

Парадокс

Во денешниот „Стадион“ се дебатираше за инвалидските пензии и кој ги добива – вистинските инвалиди или, пак, „глумци“ за пари? (видео)

Инвалидска пензија – различни и тешки судбини, голготи, борба за живот, но и борба со немилосрдните институции, комисии, поединци. Неподвижни луѓе остануваат без пензија, а разни глумци, во спрега со лекари, комисии и посредници, вооружени со по неколку илјади евра, стануваат инвалидски пензионери со песна. Некои до целта доаѓаат и по партиски линија зашто партиските канџи го зграпчија и  системот за добивање инвалидски пензии. Како да им се застане на патот на злоупотребите, митото, корупцијата? Каков систем, какви реформи се […]

today23/05/2020 19

Парадокс

Д-р Демерџиев: Учесниците на разни ора, литии да бидат болничари на инфективна клиника (видео)

Неврологот Милчо Демерџиев, осуден во судскиот процес Метастаза, за незаконско доделување на инвалидски пензии, се обидува својата невиност да ја докаже, но вели дека сите инситутции се затворени. Судењето според него било обична фарса, без вештачење, со апсурдни и смешни констатации и конструкции. – Ме обвинуваат за злосторничко здружување, а ние со колегите и со посочените сведоци и оштетени никогаш не сме имале контакт. Со моите наоди за ишијас не можете да добиете ниту боледување, а не инвалидска пензија. Ми […]

today23/05/2020 85

Парадокс

„Млада си, можеш да работиш“ и’ одговориле на Снежана Караџовска, која со ампутација на двете нозе не може да добие инвалидска пензија (видео)

Снежана Караџовска, се бори со системот, која и покрај ампутираните нозе во надколеница, не може да добие трајна инвалидска пензија. – Не ми бараа пари, но ме одбија за пензија, ми рекоа, млада си, можеш да работи.Една година се надевав дека со протези ќе можам да проодам, поради тоа побарав инвалидска пензија дури по една година, вели Караџовска. Во емисијата Стадион на Канал 77, Караџовска откри дека од државата добива само 5000 денари надомест, додека за било каква информација е […]

today23/05/2020 69

Парадокс

Издавале лажни инвалидски пензии за суми до 3.500 евра по човек

Пишува: Саше Димовски Најмалку 77 граѓани од десетина градови во Македонија останале без своите инвалидски пензии и морале на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да му вратат илјадници евра, бидејќи со парите, како што утврдиле кривичниот и граѓанскиот суд, се стекнале без основ. Граѓаните пред судовите тврделе дека не знаеле или не можеле да знаат дека нивните пензии се одобрени незаконски, за што биле осудени повеќе вработени во Фондот за ПИОМ, но судиите не ги прифаќале ваквите тврдења, повикувајќи […]

today21/05/2020 123

Парадокс

Во „Стадион“ на „Канал 77“ денес се дебатиташе за стечајот, најомразениот збор во македонската транзиција (видео)

Ако се направи истражување, сигурно најупотребуваниот и најомразениот збор низ годините на транзицијата во Македонија е – стечај! Се изнагледавме и изнаслушавме за стечајни постапки, стечајни управници, стечајни судии, стечајни работници, протести на стечајци… Илјадници луѓе останаа без работа, некои тоа ги чинеше и живот. Дали тоа секаде е така? Во развиените земји стечајот, преструктуирањето трае кратко, а не и по 10-20 години. Стечајот многу често е шанса, а не, како кај нас, сигурна смрт на деловниот субјект. Има ли […]

today16/05/2020 27

Парадокс

Драге Јованоски: Главен проблем се нестручните стечајни судии и управници (видео)

Драге Јованоски, експерт за трудово право и стечајни постапки, вели дека поради лошо работење фирмата влегува во загуба, па во стечај. – Проблемот е  неусогласеноста на нашите закони со условите на работење на фирмите и отварање на стечај. Нашите закони доста заостануваат и сеуште се однесуваат на поранешните стотина загубари, а сега имаме осумдесетина илјади регистрирнаи фирми кои треба некој да ги следи и да повикува на одговорност. Досега никој не одговарал од директорите за загуби и неуспешно ракководење, во […]

today16/05/2020 150

0%