„Ноќен експрес“ во живо од Куманово од “Food Revolution”, на тема „Македонија во срцето. Србија и Бугарија за црни денови“. Со гости: Сузана Андновиќ, поврантик од Авганистан, Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово, Драган Ивановски, хуморист од „Нема љутиш“ и Неџат Аќифи, сопственик на ТВ Феста.
Се разговараше за тоа дали има позначајни инвестиции од повратниците од Ирак и Авганистан, за процесот на интеграција по враќањето дома, за искуството од работењето на Блискиот Исток. Слушателите преку јавувањата во емисијата оценија дека перцепцијата за работењето во странство го следи позитивен имиџ, што се менува кога ќе се замине таму. Друг слушател, кој се јави од Медитеранот, оцени дека треба да се даваат и позитивни примери на млади македонски иселеници, кои успеале во европските земји.