ExYu
Fresh
Cafe
Rock
Deep House
Radio EastGate Mall
Play button

Зголемена локална транспарентност

Охрид останува град на УНЕСКО

today28/12/2018 83

Background

На седницата во јули, УНЕСКО нема да му го одземе статусот на заштитен град. Но, тоа не значи дека на следната седница на Комитетот на оваа светска организација нема регионот да биде стане на листата на загрозени подрачја. Тоа пред се’ зависи од македонските власти дали ќе ги прифатат препораките од јуни минатата година на УНЕСКО и ќе променат нешто во своите планови за реализација на повеќе инфраструктурни проети.

Охриѓани и екологистите веќе подолго време предупредуваат дека поради  неконтролираната градба на Охридското крајбрежје и проблемот со изградбата на експресниот пат низ Галичица, Охрид може да се најде на листата на загрозени подрачја кои се под заштита на Унеско. Дополнително влошување предизвика  неколкуте владини проекти кои се во план да се  градат во регионот на Охрид. Сепак, УНЕСКО остави простор од неколку месеци за корекција. Од Националната комисија на Унеско велат оти не очекуваат на наредната седница на Комитетот, Охридскиот регион да биде впишан на листата на загрозени добра. Ова следува откако од Истанбул во јуни минатата година беше упатена сериозна опомена за Охрид.

Станува збор за изградба на експресен пат кој би поминал низ Националниот парк Галичица, градба на ски центар на самата планина, како и три туристички развојни зони околу Охридското езеро.

Александра Бујароска од Невладината организација Фронт 21 /42 вели дека според анализите на меѓународната заедница овие проекти ќе имале неповратно влијание вез универзалните вредности на ова подрачје.

„Тоа што го бара Унеско од македонската влада во другите точки е да се направи една компаративна анализа која ќе ги опфати сите овие проекти и да и покаже дека овие проекти треба да се имплементираат надвор од ова заштитено подрачје“, вели Бујароска.

„Она што може државата да го направи за да го спаси Охрид е да се откаже од овие габаритни проекти или да најде алтернатива за нивна реализација надвор од заштитените подрачја“, додава Бујароска.

„Сега е вистинскиот момент кога ние треба да одлучиме кон каде ќе се движиме и која ќе ни биде целта за Охрид, дали да го заштитиме и да се движиме кон унапредување на универзалните вредности на Унеско или да ги уништуваме истите“, нагласува таа.

„Очекуваме наскоро да ја добиеме целокупната документација од државата, по што ќе дојде мисија на УНЕСКО, а потоа подетално ќе може да се произнесеме за состојбата на заштитеното културно и природно наследство во Охридскиот регион“, истакнува Синиша Шешум од Регионалната канцеларија на УНЕСКО – Венеција.

Печатот на УНЕСКО е драгоцен

Граѓаните се развој на туризмот и владините проекти, но изјавуваат дека драгоцен е печатот на УНЕСКО. Охрид и Охридското езеро се заштитени од страна на Унеско и како природно и како културно наследство уште од 1979, односно 1980 година.

Охрѓани помеѓу нив и многу интелектуиалци од градот се загрижени од можноста нивниот роден град да се најде на листата на загрозени подрачја под заштита на Унеско. Помеѓу нив е и адвокатот, Владо Чингоски. Тој вели дека Охрид, езерото и Галичица не се само на охриѓани и оти за нив треба да се грижи и државата.

„Јас сум навистина загрижен и не е сеедно. Но грижата ќе остане само на некој сентимент дека ете нешто сме загубиле што е останато од нашите предци. И државата треба да се загрижи дали Македонија може да го зачува бидејки не е само на локално ниво дали Охрид ќе остане во Унеско.Државата треба да финасира неакви елаборати и програми за заштита на културното и природното наследство“, вели Чингоски.

Граѓаните бараат внимателност при евентуална реализација на кој и да било проект.

„Не верувам дека ќе го избришат“, вели охриѓанец.

„Сигурно сум дека сум загрижен, ако е вистина и ако има потреба за загриженост.Треба да се внимава. Ако Охрид биле ставен на листата на загрозени подрачја дали тоа ќе биде негативно? Да,  тоа негативно ќе биде“, вели друг охриѓанец.

„Загрижен сум ако го загуби статусот. Треба да се внима на крајбрежјето“, смета друг жител.

Во меѓувреме до први февруари оваа година македонските власти до Унеско треба да достават извештај за плановите за реализација на проектите и преземените чекори за спроведување на препораките кои им беа дадени пред неколу месеци. Од сето тоа ќе зависи дали охридското подрачје ќе биде прогласено за подрачје што е загрозен или не. Бујароска вели дека ова е еден вид на предупредување од страна на УНЕСКО, а не бришење на Охрид од листата.

„Бришењето на едно подрачје од УНЕСКО следува после голем број на мониторинг мисии.Од кога ќе почнат да се импелементираат проектите, се случува делумно намалување на границите. Не се брише целото подрачје одеднаш, туку дел по дел така има и намалуавње на самата граница на одреденото подрачје се додека не се стигне да ги уништете и оние вредности поради кои првично е прогласено истото за заштитено. Ова е еден вид на предупредување“, вели Бујароска.

Синиша Сешо од канцеларијата на УНЕСКО во Венеција тврди дека очекуваат македонската влада да делува по одлуката на нивниот комитет и оти ќе направи се’ што се од неа бара.

„Очекуваме наскоро да ја добиеме целокупната документација од државата, по што ќе дојде мисија на УНЕСКО, а потоа подетално ќе може да се произнесеме за состојбата на заштитеното културно и природно наследство во Охридскиот регион. Тоа е мисија од советодавни тела на УНЕСКО која доаѓа на барање на владата“,  изјави Синиша Шешум од Регионалната канцеларија на УНЕСКО – Венеција.

УНЕСКО доаѓа во инспекција во март

Инаку мисија на УНЕСКО во март оваа година ќе дојде во Охрид, за да на лице место се запознае со владините  планови  и направените чекори по нивните сугестии. Од Националната комисија на УНЕСКО која е дел од  Министерството за култура уверуваат дека активно  ги имлементирале сите препораки.

-По одлуката во однос на состојбата со природното и културното наследство на Охридскиот регион, Министерството за култура веднаш ја информираше Владата на Македонија и беа донесени неколку особено значајни заклучоци кои дел се веќе имлементирани или се во фаза на реализација – велат од Националната комисија на Унеско.

Била формирана и работна група со претставници од сите ресорни министерства и институции, а подготвен бил и Акциски план за постапување по одлуките.

Од Министерството за животна средина пак велат дека нивни претставници се дел од работна група која била формирана со цел изработка на Акциски план за постапување во однос на Одлуката на Унеско.Во писмената изјава наместо одговор на нашето прашање што ресорното министерство ќе преземе Охридскиот регион да не се најде на листата на загрозени подрачја тие на повеќе од една страна пишуваат единствени за заклучоците кои биле донесени од страна на Владата на седницата одржана на 21.12.2016 година.

Сега е вистинскиот момент кога ние треба да одлучиме кон каде ќе се движиме и која ќе ни биде целта за Охрид, дали да го заштитиме и да се движиме кон унапредување на универзалните вредности на Унеско или да ги уништуваме – Александра Бујароска, екологист

Албанија ги урна сите дивоградба

За општината Охрид, состојбата не била толку алармантна како што некои сакаат да ја прикажат. Охридскиот градоначалник, Никола Бакрачески вели дека Владата веќе презела мерки со кои ќе ги покани претставниците на УНЕСКО да дојдат во Македонија и да направат комлетен увид на оние точки кои биле забележани како можност да се спроведат одреедени препораки

„Тоа е најдобриот начин да се согледа моменталната ситуација и да се расчистат оние шпекулации кои неколку години провејуваат во јавноста, а кои што по разни канали стигнале во канцеларијата на Унеско. Далеку од оној аларм е коишто во јавноста сакаат да го прикажат некои невладини организации. Тие повеќе сакаат Охрид да го нема во УНЕСКО отколку што се загрижени за човековата околина“, вели Бакрачески.

За разлика од Македонија, во Албанија на големо се постапува по препораките на УНЕСКО. На албанска страна од крјабрежјето за да и тоа парче од езерото влезе под заштита на УНЕСКО, со нивна регулатива тие успеаја сите нелегално изградени градби на самото крајбрежје да ги срушат и да ги обештетат.

Подготовката на овој материјал беше овозможена со поддршка од Британската амбасада во Македонија, во рамките на проектот Зголемена локална транспарентност и отчетност преку квалитетни медиумски содржини. Мислењата и ставовите во овој материјал не секогаш ги одразуваат  мислењата и ставовите на Британската амбасада во Македонија. 

Објавено од: Viktor Gavrilov

Rate it
0%