ExYu
Fresh
Cafe
Rock
Deep House
Radio EastGate Mall
Play button

Парадокс

Пауновски: Лошите инспектори ги прераспределуваме во канцелариски работници (ВИДЕО)

today11/04/2020 8

Background

Генерално одлуките на Владата се почитуваат, но има и такви кои мислат дека нема да бидат посетени од инспекторите, вели Стојко Пауновкси, диркетор на Државен пазарен инспектор во гостувањето на емисијата „Стадион“ на Канал 77. Вели дека во таков случај инспекторите постапуваат со записници и изрекување на глоба.

154 угостителски објекти се затворнеи во изминатиот период, проблеми се јавиле со објектите кои се во склоп на бензиските станици и затворање на кафематите, се со една цел да се заштити јавното здравје.

Пауновски вели дека Државниот пазарен инспекторат постапува не селективно и дека најголем дел од инспекторите работат согласно законот и во најголем број од инспекторите нема поплаки од страна на граѓаните. Но не ја исклучува можноста за инспектори кои го рушат угледот на другите инспектори, таквите вели тој се стремат да ги дистанцираат од работата со преместување на други места или со ставање во администрацијата.

„Правиме напор таквите да ги дистанцираме да не се добие грда слика дека инспекторите се тие кои работат не поштено и не законски, земаат мито. Се трудиме барем во Државниот пазарен инспекторат да го ставиме тоа на страна. Ние како иснтитуција диркетно не можеме да ги дистанцираме од работата, тоа оди преку Инспекциски совет, но она што можеме да го правиме и го правиме е од инспектор ги приземуваме во канцелариски работници“, изјави Пауновкси во „Стадион“.

Објавено од: Viktor Gavrilov

Rate it
0%