Фудбал – Page 27 – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Последни вести

Касиљас на чекор до нов рекорд

Шпанскиот репрезентативен голман, Икер Касиљас, се наоѓа на чекор до поставување на нов рекорд во репрезентативниот фудбал, откако на пријателскиот меч помеѓу Романија и Шпанија (0:0) по 166-ти пат го бранеше голот на „црвената фурија“. Легендата на шпанскиот фудбал на мечот во Клуж го израмни рекордот на некогашниот репрезентативец на ...

Повеќе »

Суарез: Мислев дека не сум доволно добар за Барселона

Уругвајскиот репрезентативец Луис Суарез признал дека кај него постоел страв, дека не е доволно добар играч за Барселона. Луис Суарез на „Ноу Камп“ пристигна во 2014 година од Ливерпул, а во минатата сезона беше еден од најзаслужните за тројната круна која ја освои Барселона. Оваа сезона тој игра уште подобро, ...

Повеќе »

Варди: Голот против Германија ми донесе и еден проблем

Џејми Варди во саботата ја импресионираше светската спортска јавност со својот феноменал “штикла” гол на пријателскиот меч против Германија, но покрај искрените честитки и пораки кои ги доби од фудбалските фанови и експерти, сега излезе сторија дека напаѓачот на Лестер се соочил и со еден проблем поради погодокот кој му ...

Повеќе »

Марио Геце се враќа во Борусија Дортмунд?

Германскиот репрезентативец Марио Геце ќе направи сензационален трансфер во летниот преоден рок. Тој од Баерн Минхен ќе се врати во редовите на Борусија Дортмунд, откако не доби вистинска шанса во баварскиот клуб, пишува „Билд“. Геце имаше многу проблеми со повреди во изминатиот период и падна во втор план кај Пеп ...

Повеќе »

Бентеке меѓу редови открива дека е разочаран од Јирген Клоп

Белгискиот интернационалец во редовите на Ливерпул, Кристијан Бентеке, не е задоволен од новиот тренер Јирген Клоп, поради тоа што германецот целосно го отфрли во втор план. Кристијан Бентеке премина во Ливерпул од Астон Вила за 32,5 милиони фунти, сума која тој не успеа да ја оправда, а раководството на клубот ...

Повеќе »

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Словенија

Фудбалската репрезентација на Македонија вечер со почеток од 18 часот во Копер ќе и гостува на Словенија во пријателски натпревар. Селекторот Игор Ангеловски е задоволен од атмосферата која владее во македонскиот состав. Најважно што фудбалерите се здрави, немаме проблеми сите се на располагање. Ме радува што работиме во одлична атмосфера, ...

Повеќе »

Мората можно е да се врати во Реал Мадрид

Алварао Мората признава дека следната сезона може да се врати во Реал Мадрид, но сака што е можно побрзо да се реши неговата иднина. Шпанскиот напаѓач и понатаму не знае ништо за својата иднина, бидејќи Реал Мадрид има можност за 30 милиони евра да го врати на „Сантиаго Бернабеу“. Мората ...

Повеќе »

Познати четвртфиналистите во фудбалската Лига Европа

Откако синоќа беа одиграни пет реванш осминафинални натпревари познати се сите екипи кои ќе играат во четвртфиналето на фудбалската Лига Европа. Меѓу осумте најдобри покрај актуелниот бранител на трофејот од лани, шпанската Севиља се пласираа и екипите на Ливерпул, Шахтјор, Брага и Борусија Дортмунд. Претходно тоа го направија: Виљареал, Атлетик ...

Повеќе »

Видиќ се изјасни дека сонува да стане тренер на Манчестер Јунајтед

Немања Видиќ во иднина планира да заплива во тренерските води, веќе положи за А и Б тренерска лиценца, а следната година го почнува курсот за Про Лиценца. „Со тоа почнав уште пред четири години, во времето кога бев во Манчестер јунајтед и работев со веројатно најдобриот тренер на сите времиња, ...

Повеќе »

Гвардиола до Јуве: Престанете да се жалите!

Јувентус синоќа оштро го нападна судијата после елиминацијата од Баерн поради поништениот гол на Алваро Мората. Сепак, Пеп Гвардиола беднаш им одговори на „бјанконерите“ и изјави дека тие се премногу голем клуб за да се жалаат на судиите, напротив треба да му честитаат на противникот. „Јувентус треба да престане, премногу ...

Повеќе »

Ако ја замените Ајфеловата кула со моја статуа ќе останам во ПСЖ – Ибрахимовиќ

Ѕвездата на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ уште еднаш ја разбранува спортската јавност со негова контроверзна изјава и најави заминување од Париз на крајот на сезоната. „Во овој момент мислам дека нема да бидам во ПСЖ наредната сезона. Остана уште месе ипол до крајот на сезоната. Сепак, доколку Ајфеловата кула ја заменат ...

Повеќе »

Интер остана еден месец без Икарди

Капитенот на Интер, Мауро Икарди, поради повреда на коленото ќе отсуствува од фудбалските терени најмалку еден месец, соопштија италијанските медиуми. Интер, во саботата, славеше на Болоња и остана во трката за третото место, кое носи пласман во квалификациите за Лигата на шампионите. Мечот со Болоња, Икарди го напушти по само ...

Повеќе »

Мурињо на работа од Јули

Откако во декември беше отпуштен од Челси, Мурињо постојано се поврзува со Манчестер јунајтед. Иако сеуште нема официјална потврда, се чини дека Олд Трафорд ќе биде неговата следна дестинација. Луи ван Гал ќе биде оставен да ја доврши сезоната, а потоа Жозе Мурињо ќе ја почне својата нова работа во Манчестер ...

Повеќе »

Барселона го проширува „Камп Ноу“ (Фото)

Почна проектот за реновирање на „Камп Ноу“ кој ќе биде завршен до сезоната 2021-22 и ќе има капацитет од 105.000 седишта – соопшти фудбалскиот клуб Барселона. Оттаму информираат дека  на тендерот за дизјан и реновирање на стадионот победила заедничката понуда на компанијата Никен Секеи и каталонското студио на архитекстот Џоано ...

Повеќе »

Руни одбил 100 милиони евра од Шангај

Во јануарскиот преоден рок капитенот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни одби богата понуда од Кина со која што можеше да стане најплатениот фудбалер во историјата на фудбалот. Колумнистот на Daily Mail, Пирс Морган, тврди дека се работи за бројка со девет цифри! Шангај, кој од клупата го предводи поранешниот англиски ...

Повеќе »