Последни вести

Најдобрата македонска фудбалерка Андонова потпиша за ПСЖ

Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова, не го крие задоволството по потписот со францускиот великан Пари Сен Жермен (ПСЖ). -ПСЖ е најголемиот предизвик во мојата кариера, која допрва доаѓа. Клубот е европски великан, сите посакуваат да бидат дел од него, па така, чест ми е што ми ја дадоа довербата да ...

Повеќе »

Ливерпул и Челзи одиграа без победник, Арсенал поразен од Вотфорд

Во фудбалскиот шампионат на Англија синоќа беа одиграни седум натпревари од 23. коло, а најголемото изненадување го направи Вотфорд кој на гостувањето на стадионот „Емирати“ во Лондон, го совладаа Арсенал. Дербито на „Енфилд“ меѓу Ливерпул и Челзи заврши без победник. Нов пораз претрпе шампионот Лестер, додека Тотенхем одигра без голови ...

Повеќе »

Ивановиќ тивко замина од Челзи, нова дестинација Зенит

Бранислав Ивановиќ по девет години го напушти Челзи и кариерата ја продолжува во руската Премиерлига, во дресот на Зенит. Капитенот на српската репрезентација, Ивановиќ, договори три и пол годишна соработка со Зенит, а иако финансиските детали не се соопштени, според шпекулациите тој годишно ќе заработува пет милиони фунти. Челзи му ...

Повеќе »

ФИФА и ја одзеде светската титула на ЦрвенаЗвезда

Белградска Црвена звезда е само еден од низата клубови кои не можат да сметаат дека биле светски клупски шампиони, објави ФИФА. Според Светската фудбалска федерација за светски шампиони, на клупско ниво, можат да се сметаат само екипите кои од 2000 година го освојувале Светското клупско првенство. Црвена звезда, со двајца ...

Повеќе »

Блекбурн против Манчестер Јунајтед во осмина финалето на ФА купот во Англија

По извлекувањето на двојките за оваа рунда фаворитите се разминаа, па нема ниту една атрактивна двојка. Единствено дуелот на лондонските екипи Фулам и Тотенхем привлекува повеќе внимание. Двојки за осминафиналето во ФА купот: Барнли – Линколн, Фулам – Тотенхем, Блекбурн – Манчестер Јунајтед, Сатон – Арсенал, Мидлсброу – Оксфорд, Вулверхемптон ...

Повеќе »

Зидан го отпишал Мората

Зинедин Зидан ќе му дозволи на Алваро Мората по завршувањето на сезоната да го напушти клубот, објавија мадридските медиуми. Мората на почетокот на оваа сезона се врати во реал, откако имаше две успешни сезони во Јувентус, но според тренерот Зинедин Зидан тој не ги исполнил очекувањата. Шпанскиот репрезентативец, минатото лето, ...

Повеќе »

Џеко и донесе три бода на Рома од дуелот со Каљари

Босанскиот фудбалски репрезентативец Един Џеко со погодокот во 55.минута и обезбеди минимална победа на Рома синоќа на свој терен против Каљари. Со новите три бода „римската волчица“ го задржа чекорот со лидерот на табелата Јувентус. Резултати на натпреварите од 21.коло во Серија А: Киево – Фиорентина 0:3, Милан – Наполи ...

Повеќе »

Седум голови во Памплона и победа на Севилја

Фудбалерите на Севилја, со пресврт, славеа против Осасуна во Памплона 4:3, во првиот меч од неделната програма, во рамките на 19.коло во Примера. Севилја во Памплона ја запиша петтата победа во низа и ја задржа негативата од еден бод во однос на лидерот Реал кој има и натпревар помалку. Капитенот ...

Повеќе »

Рома последен четвртфиналист во Купот на Италија

Екипата на Рома е последната екипа што обезбеди пласман во четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Италија. Во последнот натпревар од осминафиналето на „Копа Италија“ фудбалерите на Рома, синоќа, пред својата публика на „Олимпико“, во Рим, славеа убедлива победа со 4:0 во дуелот против Сампдорија. Рома за противник во четвртиналето ќе ...

Повеќе »

Меси ја спаси Барселона од пораз на Ел Мадригал

Лионел Меси ја спаси Барселона од пораз на „Ел Мадригал“, против Виљареал, со голот постигнат во последната минута. Дербито на 17.коло во шпанската Примера, помеѓу Виљареал и Барселона заврши без победник. Освоениот бод за Барселона е рамен на пораз бидејќи Реал има пет бодови повеќе и натпревар помалку. Барселона напаѓаше, ...

Повеќе »

FIFA тимот на годината за 2016 предизвика многу реакции

ФИФА на гала церемонијата која ќе се одржи на 9-ти јануари во Цирих ќе го објави идеалниот тим за 2016 година. Новинарите од неколку медиуми успеале да дознаат како изгледа идеалниот тим во формација 4-3-3, а тој веќе стана тема на расправи. Деветмина во тимот се играчи на Реал или ...

Повеќе »

Арсенал спаси бод во последната минута

Арсенал се спаси од пораз на Витали стадионот во Борнмут, откако во последните 20 минути успеа да ја надомести негативата од три гола. Арсенал од пораз го спаси Оливие Жиру кој израмни на 3:3 во 92.минута од натпреварот. Арсенал успеа да се спаси од дебакл во Бормнут, откако одигра лошо ...

Повеќе »

Интер конечно до победа

Антонио Кандрева му донесе победа на Интер во меч од 17. коло во Серија А, а „нероаѕурите” конечно го апсолвираа проблемот наречен Сасуоло и освоија три бода против тимот кој ги победуваше во последните 4 меча. Кандрева беше прецизен во 47. минута, доволноз а победа на гостите од 1:0. Интер ...

Повеќе »

Нема веќе Лига на шампиони од 20.45 часот

Извршниот комитет на УЕФА на последниот состанок во Нион реши да направи промени и да го елиминира стандардниот термин на натпревари од 20.45 часот. Според новиот договор, од сезоната 2018, па се до 2021 година, натпреварите ќе се играат во два различни периоди. Првиот термин на средби ќе биде 19.00 часот ...

Повеќе »

Хорор приказна на последната минута помеѓу Евертон и Арсенал

Арсенал синоќа имаа водство од 0:1 на гости против Евертон, но домаќинија се изборија за целосен пресврт и победа од 2:1. За навивачи на Арсенал со слабо срце последната минута од судиското продолжение не е за гледање. Не се знае кој јаде, кој пие. Извор: Офф.нет

Повеќе »
Close
Advertisment ad adsense adlogger