ExYu
Fresh
Cafe
Radio EastGate Mall
Play button

Парадокс

Политикологот Борјан Ѓузелов во Стадион за корупцискиот брак на партиите и медиумите

today22/02/2020 66

Background

Медиумите се релативно скапа работа а парите во игра се мали, вели политикологот Борјан Ѓузелов во гостувањето на Стадион на тема „ Државни пари за медиумски опстанок или медиумски „шепот“.

Државната поддршка за нешто што треба да значи јавна сфера и јавен интерес, информациите за активностите на централно или на локално ниво, не е нужно лошо,  проблемот се јавува кога тоа ќе се злоупотреби.Тоа беше така изминатите единаесет години а и сега се изнаоѓаат иновативни начини тоа да се злоупотреби.Ние одиме во фаза  во која,  затоа  што  сме се изгореле од жешко млеко, сега да дуваме и во студен јогурт, вели Ѓузелов.

Со негови колеги тој ги истражувал овие состојби во регионот и еден од заклучоците бил дека овие проблеми најчесто не произлегуваат од медиумите, туку од сопствениците на медиумите  на кои што медиумите не им е примарен бизнис.

Објавено од: Viktor Gavrilov

Rate it
0%