ExYu
Fresh
Cafe
Radio EastGate Mall
Play button

Парадокс

Министерот Димковски и професорот Димитриевски во „Стадион“(видео)

today14/03/2020 4

Background

Според министерот за земјоделие Трајан Димковски приходите и извозот на земјоделски производи постојано растат. Проблемот со реиздавање на земјоделско земјиште мора да се решава заедно со земјоделците.

За професорот Драги Димитриевски субвенциите се нужни и неопходни за целокупното општетсво не само за земјоделците. Критериуми за подобрување на методологијата по производ се потребни, меѓутоа субвенциите имаат и силно ценовно влијание на пазарот и снабдувањето со земјоделски производи за граѓаните во државата.

Министерот Димковски тврди дека во изминатите 2,5 години поради разни основи раскинати биле околу 600 договори за концесии на државно земјоделско земјиште и биле ослободени 6000 хектари земјиште. Што се однесува до реиздавањето на земеното земјиште под концесија да обработуваат други лица, процесот тешко се докажува, затоа што договори на хартија нема освен некаков договор со земјоделец или фирма за користење на механизација.

Според професорот Димитриевски, секаде во светот државата го подржува земјоделскиот сектор и тоа мора да биде така. Без буџетска поддршка, земјоделието ќе колабира.

Тој го посочува примерот со Европската унија која што во шеесетите години издојувала 60% од буџетот за земјоделие, денеска околу 35 %. Токму поради тоа земјите од ЕУ од најголеми увозници на земјоделски производи, денес се најголемите извозници, вели Димитриевски.

Објавено од: Viktor Gavrilov

Rate it
0%