Жителите од струмичките планински населени места Рич и Белотино патуваат и по час за да напрват лекарски преглед или примаат било каква медицинска терапија. Во овие две села каде живеат околу 450 жители немаат никаква амбуланта за примарна здравствена заштита а од Струмица се одалечени околу 25 километри. Молат бога да не се разболат или чекаат да дојде среда , кога од здравствениот дом им испраќаат медицински тим составен од лекар, медицинска сестра и возач.
Најтешко им е на возрасните кои имат потреба од контуинирана здравствена заштита. Баба Ѕена Стојкова на 80 години трипати неделно патува кај својот матичен доктор до Струмица. Боледува од повеќе болести и бара во нејзиното село да има амбуланта а не рурален доктор само еднаш неделно. Таа не ја посети доктроката што беше дојдена во селото.
,,Одиме во Струмица на лекар бидејки овде доаѓаат само еднаш неделно. Ниту имаат инекции ниту лекови. Само притисок мерат и не препраќаат кај нашите матични. Овде во Рич треба да се донесе доктор што постојано ќе не лечи, да си има амбуланта со сестра и со инекции и апчиња. Како што сме далеку, по пат можеш да умреш. Недај боже да ти стане лошо ноќе или пак да примаш инекции на 12 часови, сума пари ќе фрлиш
Со маката на баба Зена се соочуваат и останатите жители на Рич. Бараат во селото да се најде начин да се отвори амбуланта за примарна здравствена заштита каде ке се лекуваат жителите на Рич Белотино но и Попчево и Раборци кои се нешто поблиску до градот. Тие се согласуваат и со рурален доктор но да доаѓа почесто во селото и да има терапија.
,, Треба да има или рурален доктор најмаку петок и среда да доаѓа. Но што ако има доктор кога нема ниту апчиња ниту инекции. Само ти го мераат притисокот,, вели Петра Тодорова
,, Далеку сме од Струмица ако се разболиш преку ноќ, или било кој друг ден треба да се снајдеш,,истакнува Тодор Крстев
,, Има деца, ама за лекар ги носеме дури доле во градот,, потенцираше нена Атанасова
,,Доаѓаат само во среда. Ми ако се разболам од понеделник до среда?. Доагаат мерат притисок и пак мора да одам во Струмица а возила неа секој пат
10 планински села во струмичко добиваат рурален доктор
Секоја среда ЈЗУ ,,Здравствен дом,, Струмица испраќа лекар со медицинска сестра. Вршат бесплатни прегледи во периодот од 10 до 12 часот. Медицинскиот тим го посетивме во просториите што се планирани за селска амбуланта. Докторката им го мереше крвниот притисок на лицата што ги затекнавме. Кажаа дека многу малку пациенти се обраќале до нив за помош за време на престојот.
Првиот човек на Здравствениот дом Васко Чаушевски тврди дека со проектот Рурален доктор се опфатени 10 тина населени места од струмичкиот регион. Се испрака тим кој нуди превентивни но и прегледи од примарната здравствена заштита.
,, Руралните подрачја ги покриваме со категоријата рурален доктор. Имаме 10 села кои се поодалечени од Струмица каде испраќаме еднаш неделно екипа составена од лекар сестра и возач , комплетно опремени за издавање на примарна здравствена заштита. Може да се прегледат или да им се направи екг, да им се препише орална или да примаат парентерална терапија. Овие рурални доктори може и да закажат термини кај специјалисти. Имаме распоред со точни утврдени термини во секое село од понеделник до петок,, објаснува директорот на ЈЗУ Здравствен дом Струмица Васко Чаушевски.
Во струмичко само една рурална амбуланта и нема лекатри за рурални амбуланти
Здравствениот дом не може на своја рака да отвори рурална амбуланта вели директорот Чаушевски. Според него одговорни се Фондот и Министерството за здравство кои вршат проценка колку населените места се оддалечени и колку потенцијални осигуреници има. Таква амбуланта веќе се отворила во струмичко Ново коњарево, но како што кажа Чаушевски проблем е тоа што нема лекари кои сакаат да работатат во рурални средини.
,, По овој основ во струмичко се отвори само една амбуланта и тоа во Ново Коњарево. На огласот од министерството се јави лекар што сака да работи во рурални подрачја независно од бројот на осигурениците. Незнам дали во Рич ќе се отвара рурална амбуланта на сметка на државата. Се дотогаш ние ќе ги покриваме со примарна здравствена заштита Проблем е тоа што и немаме доволно лекари. Никој не сака да работи на село. Сите сакаат во град и тие што се дипломирани млади лекари одаат на специјализација,, истакна Чаушевски
Рурална амбуланта во села одалечени најмалку 30 км
Државата минатата година почна со реализација на проектот ,,Рурални амбуланти,, За отварање на рурални абуланти предвидува месечна стиумалција за лекари од 66 до 99 илјади денари во зависност од тоа колку осигурени лица ќе згрижат. Во првите две години лекарот може да работи без медицинска сестра а помош од државата се предвидува се додека докторот не стане матичен на најмлаку 700 пациенти. Во Македонија вакви рурални амбуланти функционираат во 16 населени места . Од Министерството и Фондот за здравство не одговорија дали и кога планираат да распишат оглас за рурална амбуланта во струмичкото населено место Рич на сметка на државата.
Во правилникот им стои дека рурална амбуланта треба да се отвори во ридско населено место оддалечено најмалку 30 километри од место каде е обезбедена специјалистичка консултативна здравствена заштита но и медицинска итна помош.
Подготовката на овој материјал беше овозможена со поддршка од Британската амбасада во Македонија, во рамките на проектот Зголемена локална транспарентност и отчетност преку квалитетни медиумски содржини. Мислењата и ставовите во овој материјал не секогаш ги одразуваат мислењата и ставовите на Британската амбасада во Македонија.