Наградната игра ”Замолкни ја бучавата” поддржана од Кнауф Дијамант се емитуваше на програмата на радио Канал 77 од 28.10.2024 до 29.11.2024. И благодариме на сите слушатели кои учествуваа во наградната игра и ги споделија својте оригинални приказни и случки.
Во прилог сите потенцијални добитниици и добитниците на ваучер од 6.000,оо денари од Кануф.
Следете ја програмата на радио Канал 77 за уште оригинални наградни игри
ПРВА НЕДЕЛА
ОФИЦИЈАЛЕН ДОБИТНИК:
Име и презиме: Горан Ѓорески
Вашата приказна:
Имам две внуки, едната е 2 години, другата е 4 години и сабајле кога се будат за во градинка трчаат од сабајле како да имаат олимписки игри мали и веќе не ни навивам аларм. Веќе една недела армот не го местам тие ме будат, живееме во една куќа, јас сум на првиот спрат, тие живеат над мене.
ПОТЕНЦИЈАЛНИ ДОБИТНИЦИ:
Име и презиме: Весна Ѓорѓиева
Вашата приказна: Здраво, јас сум од Велес. Нашиот град до дели реката Вардар, е сега од една страна живеат повеќе Роми, а тие се секогаш расположени до максимум, што се слуша дури и од другата страна на градот. Е сега контра ефект на тоа се случува во нашата куќа, поточно на нашето поткровје каде мојот сопруг има панк бенд и се вежба секоја недела, значи со појачала, миксети… Мир и тишина тешко. Некогаш излегувам ама еве ладно е, не можеш стално. Би сакала да ви доловам од атмосферата (бучавата) што се случува кога има свирка во нашата куќа, сигурно им сметаме и на комшиите, ама се уште нема полиција.
Име и презиме: Фадил Исени
Вашата приказна: Јас имам еден комшија и тој мене многу ме мраз, блиску ни се куќите една до друга. Јас иман еден трактор без ауспух, немате поима како грчи .за инат на комшијата често го палам и давам гас. Е после тој цел ден ќе се расправа со мајками, па и вели: „Син ти е мајмун, син ти е ѓубре“ , од викање не можам да заспијам.
Ама барем имам среќа што не ме пријавува во полиција.
Име и презиме: Кристијан Јосифовски
Вашата приказна: Една вечер кога свирев на гитра, беше малку покасно, па комшиите се побунија и ми рекоа ако засвирам уште еднаш да чекам полиција на врата.
ВТОРА НЕДЕЛА
ОФИЦИЈАЛНА ДОБИТНИЧКА:
Име и презиме: Сара Бошкоска
Вашата приказна: Додека мојот партнер и јас живеевме како кираџии нашите комшии често пати правеа забави со гласна музика и многу галама, дури и во работен ден. Газдата на станот во кој живеевме и тој живееше во истата зграда еден спрат подоле и неколку пати и на него му се имавме пожалено од комшиите што прават толку гласни забави. И така една вечер после 12 часот, после многу обиди за некако да заспиеме, се јавив во полиција да пријавам галама. По 20тина минути дојде полицијата, најпрво кај нас за да уште да потврдат дека сме се јавиле и да прашаат во кој стан е галамата, и откако поминаа неколку минути полицијата се врати да ни каже дека галамата не е од тој стан на комшиите туку дека музиката и забавата е од долниот спрат. Така заклучивме дека си го пријавивме газдата за гласната музика, а полицијата ја замоливме да не кажува од каде иде пријавата за да не биде максимално awkward и така тоа остана тајна за која знаеме полицијата и ние 😀
ПОТЕНЦИЈАЛНИ ДОБИТНИЦИ:
Име и презиме: Диана Павлова
Вашата приказна: Е сега вака оди мојата приказна:
Живеам во зграда и веднаш до мојата зграда има ресторан и сала за свадби па секогаш ни е весело по дома, за време на короната почнаа да прават свадби во дворот од ресторанот и таа традиција продолжи и после короната, секоја вечер таман ќе ни дојде дремка да си заспиеме со сопругот има некоја песна која ќе не “погоди” во срце и нема спиење.
А од другата страна на улицата имаме комшија кој цело лето во дворот си пушта музики до раните урински часови ,еден извесен период нон стоп ја слушавме химната на ВМРО може да замислите секоја вечер да слушате ВМРО,ВМРО,ВМРО хахахааха, а комшијата до нас цело време ракопеска на тераса
Име и презиме: Татјана Димитријевиќ
Вашата приказна: Здраво дечки од канал 77 и голем поздрав.
Јас имам три приказни…
Имено,кога ми беше синот бебе живеев на бул,В.С.Бато, една ноќ не се спиеше од моторите, бебето скока од креветче,се јавуваш во полиција велат: „Ве разбираме ама се казнуваат си плаќаат казни и тераат“…Ова на кратко бидејќи тоа беше сага невидена… Во исто време соседите над нас до 14ч коваат нешто,како работилница да имаат дома, и столиците ги тргаат по паркет како да е 11 часот сабајле.
Бидејќи бевме под ќирија,можеби 10 пати културно ги замолив малку да внимаваат, на тоа се велеше ..важи..добро… и пак се продолжуваше…
Еден ден изреволтирана, ненаспана ни ја ни бебе со месеци,отидов у полицијата во близина.
Знаете што…полицаецот ме сослуша и вака ми рече: „Ама вие сте мн нервозна, ја исто правам дома со столиците кога се враќам трета смена,ќе му ја мислам на тој доле…“
Станав и реков: „Како треба дојдам со кекси и пиво ли?“
Има уште……но тоа во живо 🙂 мн детална сум и ќе биде војна и мир 🙂
Се надевам дека ќе добијам награда за прв пат во животот и од сета таа траума ќе имам бар еден убав спомен 🙂
Ви посакувам успешен работен ден
Име и презиме: Сандра Ампова
Вашата приказна: Живеам со мајка ми и сестра ми и јас сум единствена дома што сака да се буди со еден аларм. Они две се будат со аларми кои ѕвонат еден час на секои 5 минути. Секако дека на тие аларми се будам и јас иако тоа е најчесто еден час порано од планираното и саканото време. Многу пати сум разговарала со нив на темава ама изгледа треба сама да најдам решение 😄
ТРЕТА НЕДЕЛА
ОФИЦИЈАЛЕН ДОБИТНИК
Име и презиме: Жаклина Мицова
Вашата приказна: Се работи за сосема друга бучава, не од комшии, туку од чавки кои ни се населија во ламперијата. Во почетокот не знаевме што е бидејќи како младите ги движеа крилата, имаше страшен звук. Потоа видовме дека имаме гости, т.е гнезда од чавки и тоа многу. Тие веќе тука со одомаќинија. Би сакала да доколку ја добијам наградата од Кнауф, да ја искористиме за да ја поправиме ламперијата и конечно да се ослободиме од овие страшни гости.
ПОТЕНЦИЈАЛНИ ДОБИТНИЦИ:
Име и презиме: Биљана Тодоровска
Вашата приказна: Кај мене бучавата доаѓа од мојот сосед, секој вторник и четврток одржува часови по тапан во станот што е до мене,а јас за тоа време го слушам најдоброто радио Канал 77, па така сите сме распеани.
П.С кога неможеш да ги победиш, придружи им се
Име и презиме: Цветанка Ангелевска
Вашата приказна: Живеам во зграда, на прв спрат, лево, десно, под нас и над нас опколени со соседи, повозрасни од нас 🙂
Имам две дечиња, 9 и 6 години. Помалото има амбиции да стане естраден уметник, “свириме” на синтисајзер, “тропаме” на тапани, пееме на цел глас на микрофон и плус двајцата се членови на ансамбл за народни ора и танци, па скоро секој ден дома си правиме проби.
Сметам дека ни треба Knauf, затоа што не верувам дека на сите комшии им е дојдено до забава како нам.
Име и презиме: Котеска Аспасија
Вашата приказна: Здраво!
Ја видов вашата наградна игра и одма се пријавив!
Една од моите многубројни ситуации за бучност е моја и на моите двајца соседи, каде јас сум пелскавицата од хамбургерот која се пржи, поради тоа што сум на средина, помеѓу двајцата соседи, од кои едните се млад пар со бебче, а другата е постара жена која живее сама, а јас со мачката моја.
До толку се слушаме, што си ги знаеме проблемите без лично да си ги кажеме, телефонски разговори, пеење, се што е природно во својот дом да се прави. Не дека не се трудиме да сме потивки сите, туку ете таква звучна изолација има зградата.
Случај: Бебето настинато, пиште корне, родителите уплашени де надвор по доктори, де внатре, мојата мачка е ептен солидарна, поддршка на бебчето и ситуацијатам па зема уште погласно да рика, мене ме фаќа срам аууу… А бабичката пак не знае што прави, сака да знае што се случува, па кога ќе и дојдат внуците, тоа се без да сакам знам што се случило мината недела, и која игра ја играат и зошто скокаат, се знам за и нив, а и тие за мене. Па потоа сите во ходник кога ќе се видиме се затвараме инстант во станот, така многу често, чекаме едниот да излезе, да се слушне затварање на врата за да излезе после другиот… Така јас си завршив на кардиологија, таму мирно покрај езеро, ушите не ме болат и малку ќе си задржам приватност варем одреден период од моето секојдневие во зградата, т.е мојот хамбургер. Тоа би било тоа. Имајте убав ден.
ЧЕТВРТА НЕДЕЛА
ОФИЦИЈАЛНА ДОБИТНИЧКА:
Име и презиме: Цветанка Ангелевска
Вашата приказна: Живееме во стан во зграда и од сите страни сме опколени со повозрасни соседи.
Минатата година за прослава на Нова година, бевме со друштво,4 возрасни и 4 деца, децата возбудени, сите расположени, шали, смеа и соседот неколку пати ни тропаше на ѕидот да не опомени дека сме биле гласни .
Оваа година дечињата за прв пат ќе слават Нова година со другарчиња, кај нас дома, тие се возбудени уште од сега, па не би сакала соседот и нив да им ја уништи вечерта.
ПОТЕНЦИЈАЛНИ ДОБИТНИЦИ:
Име и презиме: Маја Петанческа
Вашата приказна: Живееме во семејна зграда која е лепенка на друга семејна зграда и распоредот во зградите е таков што спалните соби ни се една до друга, па се слуша речиси се иако зградата е од понов тип (ама можеби мајсторите и материјалот не биле од Кнауф?). Јас имам 2 и пол годишно дете – тодлер, кое одлучивме да го воспитуваме по малку „стар“ стил онака како што нас не воспитувале родителите, па не му удоволуваме за се и го оставаме едноставно понекогаш да се исплаче .. е арно ама, од една година наваму доживуваме вистински пекол од нашата „бохо“ комшивка која е една тивка што да ви кажувам, особено ако си ги нема испиено лековите. Ете нејзе и смета нашето дете кое плачело дење ноќе (а тоа не е баш така) бидејќи кога плаче го преместувам во дневната и му ја заклучувам спалната само за нив да не ги вознемирува. Значи детево буквално го преместувам и не му дозволувам да се доближи до спалната само за да немаме проблем. Е најјако од се е што и тие имаат тинејџер кој обожава компјутерски игри, става слушалки најверојатно, игра во спалната и вика на цел глас, па кога беше бебе нашево дете пак мораше да спие в дневна за тој да не го буди, ама ние никогаш не се побунивме. И најинтересното е – жената на секое едно велење „А“ од страна на нашево дете лупа по ѕидот со рака или не знам што, а сопругот пишува пораки до мажот ми, во смисла „ќе видите вие да си го замолчите детето, не се спие од него ни дење ни ноќе, ќе ве пријавам“.. хахахха имавме една ситуација кога сопругот мој ја доби пораката и рече ај ќе му се јавам да видам кој му е проблемот што е ова пораки да си пишуваме како деца и тој му вели: „абе комши да ти кажам искрено знам дете е мене ич не ми смета ама женава ми го зела телефонот и ти пишала од мое име“.
Аман затоа ајде дајте еден подарок од кнауф, во план сме да правиме детска соба за детево и целосно да го одделиме од спалната, на другиот крај на станот, па здравје можи во живо ќе ја запознаам комшивката и ќе и кажам дека благодарение на нејзе добив подарок од Кнауф.
Име и презиме: Бојана Наумовска
Вашата приказна: Живееме во иста куќа со родителите на сопругот, тие на еден спрат ние на друг но спалните ни се една над друга..Свекорот секоја вечер хрчи прегласно а со тоа го буди мојот син од 1 годинка..Се случува да си седиме цела ноќ будни и да си слушаме хрчење на најјако..Пуштаме и звуци за заспивање но хрчењето ништо не може да го прикрие хахаха…Каква музика за уши >.<
Име и презиме: Слободан Бошков
Вашата приказна: Живеам во општина во куќа со дворче и комшии каде секој си тера по свое и нормално не се замараат дали на некој му пречат со тоа што го работат во утринските часови поготово за викенд кога треба да одмараш.Едно сабајле му текнало на комшијата буквално пред прозор да ги сече дрвата за огрев.Тоа беше толку бучно што мислам дека моторната пила ми беше над главата тие неколку саати додека работеше… И толку после тоа незнам дали постои човек што ќе може да заспие.Полош аларм за будење за време викенд нема верувајте.Колку пати и да се укажуваше тоа да не го прави тоа време па и тоа место сепак комшијата си тераше по свое.
ПЕТТА НЕДЕЛА:
ОФИЦИЈАЛНА ДОБИТНИЧКА
Ива Манова Зафировска
Вашата приказна: Бучава имаме од едно комшиско куче кое секоја вечер во точно 01:00 часот почнува да лае и сите ќе не разбуди. Лае дека му се шета, а газдата само што заспал.
ПОТЕНЦИЈАЛНИ ДОБИТНИЦИ:
Име и презиме: Александра Падикова Спировски
Вашата приказна: Живееме во зграда во Кавадарци, над нас живее една баба. Бабата секој ден преместува ( влече ) кревети, комоди, маси секој ден премештај дома, миење тераса и тоа од 7:00 до 12:00 се е завршено цакум пакум дома и после си мава дремка за да биде наспана затоа што кога си легнуваме ние она има син во Америка и ради временската разлика таа му ѕвони секој божји ден и толку многу се дере мислејќи дека не ја слуша… Тоа така си трае секој божји ден. Ете тоа е нашата бучна приказна.
Име и презиме: Кристина Симоновска
Вашата приказна: Имам момче кое живее во зграда. Неговиот комшија рано наутро кива последователни едно 10-15 пати. Мислам дека ја буди цела зграда.
Име и презиме: Горан Кимов
Вашата приказна: Детето ни е второ одделение и чита во дневната, а токму ѕидот од дневната е заеднички со ѕидот од ходникот на зградата и се се слуша кога чита. Го слушна муабетот со сопругата како разговараме да сравиме изолација оти се се слуша и сега детето за жива глава не сака да чита таму оти мисли дека го слушаат.
Објавено од: Viktor Gavrilov